Фев 20, 2023
Општина охрид
Бројни активности за чистење на ЈП Охридски Комуналец
Беа расчистени депонии по налог на локална самоуправа кај Градска плажа во населба Даљан и во близина на с. Рамне.
Фев 20, 2023
Подарени стручни книги од областа на правото
Соработка меѓу охридската библиотека и Правен факултет Кичево
Станува збор за следните дела: Судски систем, Меѓународно судство и Културната политика на Република Македонија во рамките на процесот на евроинтеграцијата.
Фев 20, 2023
Младински центар охрид
Објавени наградените творби од конкурсот Векувањето на македонскиот јазик
Наградите ќе бидат доделени во склоп на настанот по повод 21-ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик во вторник во просториите на Младински Центар Охрид.
Фев 19, 2023
Извршиле претекнување на непрегледни мести
Казнети 9 возачи во Охрид
Во Охрид се казнети 9 возачи кои на забранети и непрегледни места извршиле претекнување на други моторни возила.
Фев 18, 2023
Црвен крст охрид
Успешна крводарителска акција во охридската гимназија
Крводарителската акција во охридската гимназија беше под мотото „Секоја капка е важна“, а дел од програмата за крводарителски акции за 2023 година.
Фев 18, 2023
Временска прогноза
Продолжува период на стабилно и топло време
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Фев 17, 2023
Проектот го спроведува нп галичица
Попис на биодиверзитетот и еко системот на изворите во Свети Наум
За прв пат се врши инвенторизација на биодиверзитетот и еко системот на изворите во Свети Наум. Целта на овој попис е да се добијат нови релевантни податоци за состојбата на природното наследство на овој исклучително важен локалитет. Изворите на Свети Наум се едно од најмистичните и најубавите места од каде се напојува Охридското езеро. Тие се строго заштитена зона и ретка природна убавина.
Фев 17, 2023
Центар за култура григор прличев
На 3-ти март повторно претставата Енергични луѓе
По барање на публиката во петок на 3-ти март, со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ повторно ќе биде изведена претставата „Енергични луѓе“.