647 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (24/25.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 647 прекршоци.
Во Охрид нема да има настава со физичко присуство над 3то одделение
Извесно е дека наставата на 1ви октомври ќе започне он лајн за сите ученици над 3то одделение. Владата го објави списокот на училишта каде што со согласност на Комисијата ќе може да се реализира настава со физичко присуство, но меѓу нив нема ниту едно училиште во Општина Охрид. Градските советници денеска усвоија информација за подготовките и начините на за одржување на наставата во основните и средните училишта во Општина Охрид во учебната 2020/2021 година.
Настава со физичко присуство во ОУ „Дебрца“ и подрачните училишта
На листата на училишта кои добија зелено светло од Комисијата и Владата за одржување настава со физичко присуство на учениците претежно се основни училишта во рурални средини со мал број ученици. Училиштата ќе треба наставата да ја организираат во две смени.
680 прекршоци за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (23/24 септември) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 680 прекршоци.
Жителите од месноста Надвис во Велгошти кои два месеци беа оставени без вода за пиење бараат трајно решение на проблемот
Овој проблем се повторува со години наназад но, ова лето им било најтешко. Во време на пандемија биле принудени да штедат вода која ја собирале во доцните ноќни часови. Од ЈП Водовод информираат дека во моментов жителите имаат вода за пиење во посочениот дел. Бараат решение за санкционирање на постојаните злоупотреби од несовесните жители кои ги оставаат соседите без вода за пиење.
Општина Охрид меѓу првите три општини со најголем број вработувања
Според најновото исражување направено од страна на Центарот за граѓански комуникации, Општина Охрид меѓу првите три општини со најголем број вработувања.
Поставени се повеќе прелази на автопатот Кичево-Охрид кој е во изградба
Прелази има и во близина на Чекоштина и тие се повеќе наменски по потребите од ЈП Водовод и Нискоградба. Во иднина ќе се избегнуваат прекопи преку или под коловозот.
Подобрување на условите во центарот за Европски елен во НП Галичица
Во текот на изминатиот период активно се работеше на конструкција на склад и централна хранилка за потребите на функционирањето на Репродуктивниот центар за Европски елен во Национален Парк Галичица.