Skip to main content
Сеп 23, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 746 прекршоци.


Сеп 23, 2020

После серијата кражби на моторни пенти, кои се случија изминатиов викенд, од ЈП „Биљанини извори“ реагираат дека кражбите не се направени во делот со кој стопанисува јавното претпријтие.


Сеп 23, 2020

Процесот на замена на платежните картички ќе трае до 30 септември 2020 годинa 22 септември, 2020 година.


Ное 10, 2021

Г.П. Илинден – Струга известува дека на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан кај м.в. Печуркара, каде што сообраќајот се одвиваше по девијација, истата ќе биде одстранета и сообраќајот ќе се одвива нормално по коловозната лента.


Сеп 22, 2020

Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид 19 од кои по 3 нови случаи во Охрид и Струга.


Сеп 22, 2020

За 26ти октомври е презакажано судењето против советникот на ДУИ од Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим.   Денеска во Основниот суд Охрид, на првото рочиште од предметот кој се води против браќата за инцидентот што се случи на 18 август во кој физички беше нападнат охриѓанецот Спиро Топалоски се појави само Нефи Усеини.  Неговиот брат беше отсутен поради здравствени проблеми а главниот сведок Топалоски имал обврски околу своите деца.


Сеп 22, 2020

Зафатите ќе се со средства од Европската унија. Охридската ЛС треба да изгради пречистителни станици во Трпејца и Љубаништа за делот од  охридското крајбрежје каде што не можно да се поврзе колекторскиот систем. 


Сеп 22, 2020

Охридското Езеро денес на 693,16 м.н.в, 17 сантиметри под месечниот просек. Нивото на водата во Охридското Езеро денес останува под просекот за овој период од годината.