Ќе се подготвува проект за поставување на монтажна болница
Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при ЛС треба да подготви проект со кој ќе го средува просторот за поставување на монтажна болница во кругот на Општа болница. Деновиве ќе се знае колку ќе ја чини општината овој зафат. Според договорот со Министерството за здравство општина Охрид треба да учествува во поставување на болницата која е дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран од корона вирус.
8 милиони денари издвоени за ИТ опрема и квалитетен интернет за сите охридски училишта
Околу 8 милиони денари ќе се издвојат од општинскиот буџет за ИТ опрема и поквалитетен интернет за училиштата. Денес беше одржана седница со предлог одлуки за пренамена на средства во образовниот процес за оваа намена. Одлуката беше поддржана и од опозицијата.
Денес се празнува Рождеството на Пресвета Богородица
Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и беше од племето Давидово, а мајка и од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога.
ВИБРАЦИОНИ ЛЕНТИ ЗА ЗАБАВУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ НА НАЈФРЕКФЕНТНИТЕ УЛИЦИ ВО ОХРИД
Како дел од годишната Програма за сообраќајна сигнализација, Општина Охрид спроведува активности за поставување на вибрациони ленти за забавување на сообраќај на булевар „Туристичка“ и улица „АСНОМ“.
Covid-19 во охридскиот градски ракометен клуб
Од Градскиот ракометен клуб Охрид информираат дека еден ракометар и еден член на екипата се позитивни на вирусот ковид -19. Ковид позитивните се изолирани и се во добра здравствена состојба.
Црвен крст Охрид организира втора обука за неговател/ка на стари и немоќни лица
Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира втора обука за неговател/ка на стари и немоќни лица.
IN MEMORIAM Почина новинарот Драган Чубриќ
По кратко боледување, рано утово почина Драган Чубриќ (67) , долгогодишен новинар од Охрид.
НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА
По повод 8-ми Декември, Св.Климент Охридски–Патрон на градот, Општина Охрид распишува награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба.