ПОСТАВЕНА НОВА ОГРАДА НА ДВОРОТ ВО СОСУ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве спроведоа работни активности за поставување на нова ограда во дворот од СОСУ „Свети Кирил и Методиј“.
Вевчани и Дебрца сакаат настава со физичко присуство
Во училиштето „Страшо Пинџур“ во Вевчани и ОУ Дебрца во Белчишта според локалните самоуправи на општините има услови за одвивање настава со физичко присуство. Очекуваат Комисијата за заразни болести позитивно да се изјасни по нивните барања.
Брауновиќ: Со нетрпение го очекувавме враќањето на ракометот
Охридските ракометари на гостински терен против дебитантот во Супер лигата, Голден Арт КЛ7 ја започнуваат новата сезона. Со нетрпение го очекуваваме овој момент, кажа денеска на прес конференција, голманот на ГРК Охрид, Јагош Брауновиќ.
Дел од основните и сите средни училишта во Охрид поднесле барање за настава со физичко присуство
Општина Охрид го поднесе до Комисијата за заразни болести прегледот со барањата за настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците од средните училишта. Училиштата имаат различни барања согласо условите со кои располагаат, велат од локалната самоуправа. Поаследниот збор го има комисијата која најдоцна до 17 септември ќес е изјасни кои училишта ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство а притоа да не биде загрозено здравјерто на учениците и наставниот кадар.
Хронично болните до 23-ти септември да посетат специјалист за да добијат потврда дека не може да се вратат на работа
Повеќе Македонски здруженија на пациенти одржаа средба со Венко Филипче, министерот за здравство. Се дискутирало за враќањето на работа на хронично болните граѓани.
Урбана фото галерија во дворот на Државниот архив во Охрид
Од денеска до петок 12-ти ноември во дворот на охридскиот Архив ќе биде поставена фотографска изложба по повод „7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид”. Урбаната архивска изложба на отворено содржи значајни фотографии од едно бурно минато на градот пред и за време на Втората светска војна и хероите кои ги положија своите животи на олтарот на слободата во која живееме денес.
Сабота крводарителска акција во организација на црвениот крст од Охрид
Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти. Затоа, од голема важност е да се пријавите на акциите за доброволно дарување крв.
СВР Охрид: охриѓанец заработи кривична поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“
СВР Охрид, поднесе кривична пријава против И.А.(52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.