Skip to main content
Сеп 4, 2020

Детските градинки ќе ги отворат вратите на 9-ти септември, но Владата се уште нема донесено одлука какви ќе бидат обврските за родителите чии деца ќе одат во градинка, но и за оние чии деца ќе останат дома.


Ное 8, 2021

На 07.11.2021 во 20.00 часот на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар” и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е лишен од слобода М.П.(38), државјанин на Р.Албанија, со што е пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана од Р.Албанија во нашата држава.


Сеп 3, 2020

Од 27 август досега секојдневно има опаѓање за 1 см на нивото на дозволената кота од 693,32 см.  Нема место за паника уверуваат од УХМР. Од  Елем за ТВМ информираат дека има зголемено испуштање вода за да се олеснат активностите за отстранување на повеќе од 10.000 m3 нанос од песок и друг материјал на истекот на реката Црн Дрим.


Сеп 3, 2020

Мора сите заедно да се потрудиме за да имаме чист Охрид!- велат од Чист Охрид.


Сеп 3, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (02/03.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 502 прекршоци.


Сеп 3, 2020

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и во време на пандемија, виртуелно ги одбележува родендените на роднокрајните автори, овој пат од оние родени во септември.


Сеп 3, 2020

Четврток, 03. септември од 19:00 часот во кафѐ и бар „Шила“ во рамки на алтернативното културно лето “Културолошка Иницијатива 5 до 12 – Охрид“ ќе се оддржи промоција  на збирката раскази „Неми филмови“ на Димитар Димоски и поетската вечер “Имам нешто да ти кажам“ поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор.


Сеп 2, 2020

Државните органи не соработуваат  со научните институции и не се  споделуваат јавно информациите. Недостасува и поголема одговорност на државните инспекциски служби при контрола на увозот и производството на храната кои ќе влеат сигурност кај граѓаните дека конзумираат безбедна храна, беше кажано на Нутрикон  меѓународниот конгрес за квалитет и безбедност на храната , здравјето и нутриционизмот.