Краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Денес, во периодот од 12:00 до 15:00 часот, компанијата АД „Илинден“ од Струга ќе врши минирање на патниот правец А2 Кичево-Охрид, поточно на делницата Пресека – село Врбјани.
Пецаков: 77 години слободен Охрид, години врежани во историјата на Македонија
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до охриѓани по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот Охрид.
Изгласана новата македонска влада
На вториот ден од собраниска седница, вчеравечер, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со 62 гласа „за“ и „51“ глас против, од вкупно 115 присутни пратеници, ја избраа новата македонска влада. Во новата влада на чие чело по втор пат застанува претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев влегуваат 16 министри.
За неносење лична заштита на лице регистрирани се 321 прекршоци
Во текот на изминатото деноноќие (30/31.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 321 прекршоци.
Од денес почнува чистењето на устието и коритото на Црн Дрим во Струга
Во рамки на проектот Подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансиран од Европската унија, а го спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, во понеделник, 31 август, ќе почне чистењето на наталожениот материјал на испустот на реката Црн Дрим и речното корито во Струга.
На удар е стандардот на граѓаните по покачувањето на цената на струја
Негативна рефлексија ќе има врз кревката економија во земјава во услови на пандемија, сметаат работодавачите. Има компаниите кои работат со загуби , но да ги зголемуваат цените на производите туку да ги намалат трошоците во производствениот процес , повикуваат од Бизнис Конфедерација на работодавачи.
ЧЕТВРТО ИЗДАНИЕ НА АТЛЕТСКИОТ ВИКЕНД „ОХРИД ТРЧАТ“
Професионални атлетичари, рекреативци и љубители на спортот од нашата држава и од регионот, ќе бидат дел од четвртото издание на спортскиот атлетски настан „Охрид Трчат”, кој викендов ќе се одржува во Охрид.
НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ ДОБИ ОУ„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Училишниот двор, пристапот од страна на игралиштето и споменикот на Св. Климент Охридски од денес се со ново осветлување. Дотраените и неекономични светилки се заменети со лед кои што се штедливи, а целокупната инвестиција е финансирана од општина Охрид.