Општина Дебрца се опреми со ново специјално теренско возило за спасување во зимски услови
Викендов пристигна новото возило Duster, кое за потребите на општина Дебрца ќе се користи и како специјално теренско возило за спасување во зимски услови.
„Мапирања на душата“ мултимедијална изложба за незаборавно патување во минатото
Професор Марина Коцарева Ранисављев се претставува со интересни уметнички експонати во Куќата на Робевци. Изложбата содржи 4 циклуси кои ги создавала во текот на нејзиното творештво.
ЈП „Градски Пазар“ Oхрид објавува Оглас за издавање деловни простории
Врз основа на Одлука на Управниот одбор на ЈП градски Пазар Охрид бр. 02-418 од 07.08.2020 година , ЈП Градски Пазар охрид објавува Оглас за издавање на следните деловни простории:
Камења и песок помешани со влажни марамчиња и најлонски кеси зечепиле канализациона цевка во населбата Билјанини извори
Жителите во близина на пресекот на улиците Мирче Ацев и Ванчо Питошески реагираа за проблемот. Од ЈП Нискоградба информираат дека го санирале излевањето и појаснуваат дека им било потребно подолго време рачно да ја исчистат целата линија.
На почетокот на наредната недела ќе се одржи четириесет и шестата седница на Советот на општина Охрид
Во обемниот дневен ред од речиси сто точки ќе се најдат извештаите за работењето на јавните претпријатија и релаизација на програмите на некколку одделениија, како и извештаите за реализација на голем број програми. Пред градските советници ќе се најде и Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид за регулиран период 2021-2023 година.
Родова нееднаквост во сите сфери
Жените во Југозападот се застапени во политиката, но раководните функции се резервирани за мажите. Регионот сеуште не е зрел да прифати зголемување и рамноправност на политичкиот и општествениот ангажман на понежниот пол.
Регистрирани се 501 прекршок за неносење заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие (20/21.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 501 прекршок.
Волшебна ноќ на „Охридско лето“ -домашна џез музика и публика од сите генерации
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со извонреден настап на членовите на Здружението на џез музичари на Македонија- Колектив со гудачи.