429 прекршоци за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (18-ти/19-ти август) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 429 прекршоци.
Рисима Рисимкин-три децении синоним за македонска танцова авангарда
Поранешната балерина со остварени голем број улоги, сега синоним за македонска танцова авангарда, Рисима Рисимкин, вчеравечер во рамките на програмата на „Охридско лето“ го одбележа јубилејот, 30 години кореографско творештво.
Инцидент пред угостителски објект во Охрид
СВР Охрид информира дека денес, 18ти август, во 11:35 часот, во СВР Охрид, лицето С.Т.(41) од Охрид пријавил дека пред угостителски објект, бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид.
Булеварот Железничка е една од најопасните сообраќајници во градот
Секојдневно се случуваат сообраќајни несреќи, информираат од секторот за Комунален развој ,сообраќај и улици. Улицата изградена пред повеќе од 10 тина години, по стар проект, без можност за безбедни леви свртувања. Од секторот бараат решенија за да создадат безбедни услови и за возачите и за пешаците.
Последните анализи покажуваат дека има нарушување на квалитетот на површинските води на Охридското Езеро
На мерните места каде што претходно водата била од прва класа сега е од втора. Оваа состојба е очекувана заради големиот наплив на туристи во градот и крајбрежјето. Некои од нив се несовесни и одлагаат се и сешто во канализациониот систем, со што се зачепува колекторскиот систем и има излевање на секундарната мрежа.
Пецаков беше дел од маскенбалот „Емшири 2022“
Јубилеј на кореографката Рисима Рисимкин на Охридско лето
Со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ , една од водечките домашни кореографи, уметнички директор на светски реномираниот „Скопје танц-фест“ и основач на првата официјална компанија за современ танц во земјата, Рисима Рисимкин, денеска во 21 часот во Предворјето на црквата „Св. Софија“, ќе го одбележи јубилејот, триесет години активно кореографско творештво, како дел од годинешното издание на Охридско лето.
Пронајдена марихуана кај жител на Подмолје
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од охридското село Подмолје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.