Skip to main content
Јун 5, 2025
општина охрид
Поради тековното изведување на градежните работи за реконструкција на кружниот тек се упатува апел до пешаците и возачите да се движат внимателно.

Јун 5, 2025
ЈП Градски Пазар Охрид
Се издаваат станици за подвижна урбана опрема на улица Кеј Македонија, плоштад Крушевска Република и на пешачка патека канал Студенчишта.

Јун 5, 2025
Со промоција на Монографија и хуманитарна изложба, Охрид го одбележа јубилејот, 55 години ликовно творештво на академскиот сликар Јордан Манасијески. Познатиот охридски, македонски и светски уметник е задоволен што неговиот досегашен опус е преточен во монографија која ќе остане како дел од едно време, сведок и подарок кој ќе говори за светиот град и светите простори. Повеќегодишното целокупно творештво и активност на уметникот Манасијески не обврзува како поединци, институции и општество да продолжиме со презентирање и промоција на неговото дело, ќе каже неговиот верен соработник, галеристот Љупчо Жупан.

Јун 5, 2025
општина охрид
Ohrid Wine Festival ќе се одржува од 26-ти до 28-ми јуни.

Јун 5, 2025
Територијалната противпожарна единица Охрид има потреба од подмладување на кадарот. Во моментов функционира на висина на задачата благодарение на високата одговорност на охридските пожарникари. Потребна е и активна волонтерска служба за противпожарна заштита, која треба да биде соодветно опремена за делување при поголеми пожари во Охридскиот регион.

Јун 5, 2025
православен календар
Православен календар: Спомен на Преподобен Михаил исповедник, епископ Синадски.


Јун 4, 2025
општина охрид
Се известуваат жителите кои што живеат во овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да не го користат приодот кон оваа улица од страната на улица „Мите Богоевски“.