Зголемен водостојот на Охридското езеро
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а за исто толку е намален на Преспанското, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
99 прекршоци за неносење лична заштита на лицето на територијата на СВР Охрид
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 99 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-65, Струга-12, Кичево-22).
Рахмањинов и Мусоргски прозвучија совршено преку изведбата на уметниците Гримпас и Лазаридис
Со добро одбрани композиции на Рахмањинов и Мусоргски изведени на виолончело и пијано, грчките уметници Христос Гримпас и Џорџ Емануел Лазаридис приредија вистинско уживање за љубителите на класичната музика кои вчера беа дел од публиката на „Охридско лето“.
„Чудесна терапија“-приказна за секојдневието на брачните парови
Драмски театар Скопје кој е чест гостин на „Охридско лето“ вчеравечер на фестивалот ја одигра театарската претстава „Чудесна терапија“ од Даниел Глатауер во режија на Димче Николовски.
ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ВО НАСЕЛБИТЕ „ХРИСТО УЗУНОВ“ И „ДАМЕ ГРУЕВ“
Се известуваат жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“, дека гредежните активности за уредување на на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“ продолжуваат во понеделник (10.08.2020) од 09 до 16 часот со поставување на втор слој асфалт.
Камелеон и пријателите организираат Езерска рок симфонија
За нив велат дека се вистински охридски бенд – по срце и душа и дека најдобро го отсликуваат сензибилитетот и музиката која се негува во овој град во кој „секогаш се слушала најдобрата музика“.
Илче од Охрид, ја напушти Клиниката за детски болести и опоравен заминува во мал групен дом
По десетина дена лекување на Клиниката за детски болести, 11годишниот Илче од Охрид опоравен заминува во мал групен дом.
Кривична за охриѓанец поради вршење јавен превоз без лиценца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.