ОПШТИНА ОХРИД ЗАПОЧНА КАМПАЊА ЗА ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ЗАШТИТА ОД „КОВИД 19“
Под слоганот „Летувајте безбедно во време на пандемија“, Општина Охрид денес започна кампања за подигање на јавната свест кај посетителите, со цел да се зголеми почитувањето на мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“.
ЌЕ БИДАТ СТАВЕНИ ВО ФУНКЦИЈА РАМПИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД
Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“ ги информираат жителите и туристите кои престојуваат во Охрид дека од вечерва на полноќ 31.07.2020 година (петок) ќе бидат ставени во функција поставените рампи за влез и излез во стариот дел на градот.
Отворањето на Охридско лето во знакот на Ана Липша Тофовиќ со која започна магијата која трае 60 год
Свеченото отворање ќе биде со концерт на арии насловен како ,,Вокални бисери – по стапките на Ана Липша. Околу 300 уметници од Македонија, САД , Русија и десеттина европски земји, од 4ти до 30 август ќе настапат на отворените сцени на Антички театар, Долни Сарај, Предворје на Црквата Св Софија. Годинава ќе имаме едно пократко и поинакво издание на Фестивалот Охридско лето со приоритетна грижа за јавното здравје, безбедноста на публиката и изведувачите, велат организаторите.
Надлежни државни и локални институции ќе делуваат координирано викендов во Охрид
За време на престојниот продолжен викенд сите надлежни институции на централно и на локално ниво ќе делуваат координирано и ќе ги вложат сите напори за почитување на законските прописи и протоколите за заштита од Корона висусот „Ковид 19“. се соочуваме со еден од најголемите и најспецифични предизвици, а тоа е заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ за време на туристичка сезона. На една страна е приоритетот за заштитата на здравјето на граѓаните, а од друга страна се економските аспекти и бенефитот за туристичкиот сектор, кој претрпе најголеми загуби поради актуелната здравствена криза.
Изведена вежба за евакуација при елементарна непогода во СОУ „Св. Кирил и Методиј“
Вежбата покажа колку се подготвени и координирани школото и институции за безбедна евакуација при елементарни непогоди. Вакви тестирања на планот за евакуција се предвидени во сите охридски училишта.
Студенчишкото блато ќе биде прогласено за Парк на природата
Советниците донесоа одлука да се предложи прогласување на блатото за заштитено подрачје. На денешната седница беше направен и ребаланс на Буџетот на општина Охрид со алоцирање на средства од неколку програми во ставката за асфалтирање на улици во градот со што не се согласија советниците од опозицијата.
ПРЕПОРАКИ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ОХРИД
Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој покрај постојаните членови, присуствуваa и претставници на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат, Подрачната единица на Управата за јавни приходи и Подрачната единица на Државниот инспекторат за труд.
Брзата помош се почесто интервенира на повици од малолетници во алкохолизирана состојба
Лекарите апелираат родителите да водат поголема контрола врз своите малолетни деца. Повикуваат возачите да почитуваат каде паркираат на влезот и излезот пред нивната установа,а на улица да дадат предност на нивните возила кои секојдневно брзаат да спасат нечиј загрозен живот во ризична ситуација.