СВР Охрид и ДПИ: Угостителските објекти не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор
Началникот на пазарната инспекција, Цветко Ристески, и претставниците на СВР Охрид им укажале на охридските угостители не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор и дека е задолжително менаџирање со редарски служби на влегувањето на гостите. На денешната работна средба биле разгледани протоколите и толкувани одредени ситуации со кои угостителите се среќавале во досегашното спроведување.
163 нови случаи на Ковид-19, еден во Охрид
Во последните 24 часа регистрирани се 163 нови случаи на ковид19 од направени 1636 тестирања.
Пристигна првата група Полски туристи во студенскиот дом Никола Карев
Полските туристи втора година по ред доаѓаат во Охрид и се одушевени од неговите природни убавини. Задовоството е присутно и кај домаќините и кај гостите и потенцираат дека се запазени сите безбедносни протоколи.
Охридските пратеници откриваат кои ќе се нивните заложби во Парламентот
Лидија Петкоска, Жаклина Лазаревска, Кирил Пецаков и Лазе Таневски се кандидатите за пратеници од Охрид на кои наскоро ќе им бидат верификувани мандатите во новиот парламентарен состав. За ТВМ идните пратеници зборуваат за тоа како ги отценуваат изборните резултати и кои ќе бидат нивните заложби во Законодавниот дом.
Спортски игралишта ќе се градат на катастарски парцели во поранешната касарна
На една ќе почне да се гради современ кошаркарски терен, а на другата парцела ќе се одлучи по спроведене анкета со околните жители кои спортски содржини недостасуваат. Со спортските терени ќе стопанисува ЈП СРЦ Билјанини извори, а содржините ќе ги гради Локалната самоуправа со Агенцијата за млади и спорт.
Делумно се почитуваат протоколите на охридските плажи
Пазарни инспектори заедно со МВР во контрола на спроведувањето на безбедносните протоколи за заштита од коронавирусот и на плажите. Ќе ги контролираат оние плажи кои се организирани, односно каде што има правно лице кое раководи и кое може да биде санкционирано доколку не ги почитува правилата.
Започнува собирање на стаклена амбалажа од домовите
Оваа акција ја реализира општествено одговорната компанија Пакомак, овластена за собирање на стакло за рециклирање. Граѓаните добиваат можност да се ослободат од непотребниот стаклен отпад со претходна најава, а ќе бидат стимулирани со скромен подарок за соработката од компанијата.
Показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес во СОУ „Св. Кирил и Методиј“
Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Планинарско–спасителската единица при Црвен Крст Охрид, утре (03.11.2021 -среда) во 11 часот во Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј” во Охрид ќе биде спроведена показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес.