Skip to main content
Јул 10, 2020

Деновиве заврши асфалтирањето на 4 улици во село Косел. Овие активности се дел од годишнaта програма за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид.


Јул 9, 2020

Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар“ во склоп на проектот Интерегионалниот ИПА проект “„Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони – Квалитетно Здравство“ набави специјализрано медицинско амбулантно возило. 


Јул 9, 2020

Првиот човек на општина Охрид вели  не му е потребна уредба или каква било друга одлука од Владата за да урива дивоградби,  бидејќи тоа е надлежност на Општината.Еко активистите сметаат дека  одлуката на Уставен е во корист на урбаната мафија.  Уставниот суд  на вчерашната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба.


Ное 1, 2021

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толку поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика.


Јул 9, 2020

Социјална заштита и грижа за ранливите категории граѓани, тема на денешната прес конференција на кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ , Грација Бакраческа.


Јул 9, 2020

Од Центарот за јавно здравје тоа го објаснуваат дека  се должи на  преоптовареност на лабораторијата на скопскиот Институтот за јавно здравје. Во Охрид има и голем број случаи каде што контролните тестирања покажуваат еден негативен, а втор позитивен тест па постапката на изолација и тестирања почнуваат од почеток. 


Јул 9, 2020

Агенција за храна и ветеринарство и Организација на потрошувачите на Македонија подготвија Прирачници за операторите кои подготвуваат храна за предучилишните и училишните установи или кои истата ја добавуваат.


Јул 9, 2020

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ „Центар за јавно здравје“- Охрид го издава следното соопштение: