Регистрирани 15 прекршоци за неносење заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие (07/08.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 415 прекршоци.
Георгиески: Законот ќе важи за сите и покрај сите притисоци во справување со дивоградбите на крајбрежјето
Продолжува без селективност да се воспоствува ред со дивоградбите на крајбрежјето. Законот ќе важи за сите и покрај притисоците кои градоначалникот вели дека му се вршат лично нему при справување со дивоградбите. Нема отстапување од приоритетот за зачувување на статусот на Унеско на Охрид и Езерото, рече Георгиески, а на струшкиот градоначалник му порача да го почитува законот.
Лазаревска: Градиме социјална држава за СИТЕ
СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници. Во следниот мандат обезбедуваме уште поголема социјална поддршка за граѓаните, кажа во своето обраќање кандидатот за пратеник во ИЕ 5, Жаклина Лазаревска.
Само 4 лица во Охрид позитивни на Ковид 19 побарале да гласаат од дома
Право на глас од дома побарале и 64 лица хронично болни и немоќни. За да им го овозможи правото на гласање на болните од ковид 19 се формирани два тима избирачки одбори составени од медицински лица кои ќе го спроведат гласањето во домашни услови.
120 нови случаи на Ковид-19, 4 нови случаи во Охрид
Во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19 во:
Петкоска: 36.000 денари плата за наставниците и до 100.000 денари за универзитетските професори
Квалитетно, модерно и ефикасно образование претставува стратешки приоритет на државата. Но македонското образование се соочува со бројни инфраструктурни проблеми, слаб квалитет според меѓународните тестирања, несоодветни образовни програми и недоволна мобилност, кажа денеска на прес конференција кандидатот за паратеник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија, Лидија Петкоска.
Кирил Пецаков е новиот Градоначалник на Охрид
Градоначалничкиот мандат охриѓани му го доверија на Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Излезноста на граѓаните во вториот изборен круг е поголема, а неважечките ливчиња кои завршиле во избирачките кутии се движи скоро исто како првиот круг и изнесува 3 проценти.
На пет угостителски објекти на плажи им се пролонгираа опомените за престанок на работа
Сопствениците ги искористија сите правни механизми и добија дополнително рок до 15 јули, инфромираат од Државнито пазарен инспекторат. Дали се извршени контроли и изречени забрани за обавување дејност на угостителски објекти на плажите без концесија на струшкиот дел од крајбрежјето од Инспекторите од струшката подрачна единица молк.