ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ОХРИДСКА БРИГАДА“
Надлежните служби на Општина Охрид, денес започнуваат со градежни активности за реконструкција и асфалтирање на ул. „Охридска Бригада “ во должина од 527 метри.
Донација од „Кармен Бауцентар“ за охридски училишта
„Кармен Бауцентар“ Охрид како општествено одговорна компанија донираше ламинат за потребите на неколку охридски училишта.
Поддршка од евроамбасадорот Жбогар за воведување ред на крајбрежјето на Охридско езеро
Статусот на спроведување на препораките на УНЕСКО за зачувување на „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“ тема на средбата на Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар со градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски. Посетата на евроамбасадорот на Охрид во рамки на кампањата „ЕУ со тебе“ има цел да се потенцира важноста за заштита на Извонредната Универзална Вредност што УНЕСКО му го препишува на охридскиот регион.
Поповиќ: Корона кризата нема да го намали квалитетот на Фестивалот Охридско лето
Националната установа „Охридско лето“ е пред реализација на најзначајниот фестивал во државата кој годинава слави 60 години од неговото постоење. Ова јубилејно издание ќе се одржува според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од Пандемијата Ковид 19 и препораките кои ги даде Комисијата за заразни болести. Целосно и професионално сме ангажирани Фестивалот да помине во беспрекорна реализација со содржини кои успешно ќе ја надградат успешната културна приказна на Охридско лето изминативе 60 години, порачува директорката Наташа Поповиќ.
Пецаков: Нов Закон за спорт и унапредувањето на спортската инфраструктура
Нов Закон за спорт, а истовремено измена и дополнување на Законот за локална самоуправа, во насока на зголемување на надлежностите на општините во областа на спортот. На ова се обврзува ВМРО ДПМНЕ во изборната програма. Развојот на спортот и унапредувањето на спортската инфраструктура , тема на денешната прес конференција на Кирил Пецаков, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија.
Теренски активности на кандидтите за пратеници од СДСМ во ИЕ 5
Радмила Шеќеринска од СДСМ, носител на кандитатската листа во ИЕ 5 и кандидатите за пратеници Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска од Охрид и стружанецот Јован Митрески имаа теренски активности. Шеќеринска со струшкиот колега во посета на градежните активности на базенот во Струга. Охридските кандидати за пратеници Таневски и Лазаревска имаа средба со пензионери од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2021 година.
Вежба на специјални авиони за гаснење пожари
Одржан тренинг на специјализираните воздухоплови за помош при гасење на шумски пожари. Над Охридското езеро беа изведени различни начини на фрлање на вода и ниско летање над водени површини. Кондицијата на воздухопловите и пилотите се на високо ниво и сме подготвени да делуваме каде што треба, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.