ИНТЕГРА: Охрид ќе има брза железница и атрактивни воздушни гироскопски трамваи
Ова се само дел од инвестициските активности од програмата на партијата, кои би се финансирале по пат на јавно приватно партнерство и инвестициски фондови во кои инвеститори би биле самите работни луѓе а до кои политичарите не би имале пристап.
Реонски општинар на терен ќе ги слуша поплаките и забелешките на граѓаните од комуналната сфера
Во иднина доколку имате било каков проблем од комуналната сфера во вашата улица или населба , ќе можете дирекно да се пожалите на лице вработено во Општина Охрид. Тоа го овозможува проектот „Ваш реонски општинар“ чија цел е локалната самоуправа непосредно на терен да прибира информации за поплаките и забелешките на граѓаните.
Со филмот „Ефектот на среќа“ започнува кино репертоарот во Центарот за култура
НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид информираше дека го започнува кино репертоарот со проекција на македонскиот филм „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафироски.
Шеќеринска, Таневски и Лазаревска на средба со жители на Лескоец
Со жителите на Лескоец разговаравме за нивните приоритетни потреби. Ќе продолжиме и понатаму да вложуваме и да даваме поддршка за развој на руралните средини, порачаа кандидатите за пратеници од СДСМ И Коалицијата Можеме, Радмила Шеќеринска, Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска при средбата со лесковчани.
Бакраческа: Подобрувањето на квалитетот на животната средина е прашање на опстанок на младите во Македонија
Подобрувањето на квалитетот на животната средина е прашање на опстанок на младите во Македонија. Затоа, со граѓаните сакаме да направиме Договор за здрава и чиста животна средина, кажа денеска на прес конференција ,кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ , Грација Бакраческа.
Објавени протоколите за гласање на денот на изборите
Заради состојбата со Ковид-19 овој изборен циклус ќе се реализира во специфични услови. На 13-ти јули ќе гласаат лицата со Ковид-19 и во самоизолација, а на 14-ти јули болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор. Гласањето ќе се пролонгира за 2 часа и наместо во 7 гласачките места ќе бидат затворени во 21 часот.
Почна откупот на црешни во охридскиот регион
Откупната цена се движи по 70 денари за килограм. Родот на црешовите насади годинава е преполовен, но плодовите се покрупни, инфoрмираат одгледувачите на црешни. Вкусните овошни плодови завршуваат на пазарите во Русија и домашните синџири на маркети.
Авиони од Цирих на Chair Airlines и од Милано на Wizz Air ќе бидат првите кои денес, по три и пол месеци, ќе слетаат на охридскиот аеродором „Св. Апостол Павле“
Пристигнувањето на првите авиони на охридскиот аеродром е планирано за 12:30 односно 17:15 часот. Полетувањето од охридскиот аеродром ќе биде во 13:20 за Цирих односно 17:45 часот за Милано.