Skip to main content
Јун 30, 2020

Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во:


Јун 30, 2020


Отворените базени на СРЦ Билјанини Извори заради пандемијата ќе останат под клуч, но затоа ќе се постават пливачки патеки пред малото пристаниште. Со тоа ќe заживее иницијативата за враќање во функција просторот каде што во минатото бројни генерации спортувале на вода.


Јун 30, 2020

Врачени се 880 решенија на лица кои се дел од избирачките одбори. Заради повеќе причини имало 40 измени во одборите. Од  Општинската изборна комисија  ги чекаат протоколите за гласање кои треба да се почитуваат на денот на изборите на 15 јули. 


Јун 30, 2020

Со лет на WizzAir утре се отвора Меѓународниот аеродрoм Скопје, додека аеродромот во Охрид „Свети Апостол Павле“ ќе се отвори еден ден покасно, во четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, соопшти генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој.


Јун 30, 2020

НУ „Охридско лето“ реагира на злоупотребата на политичките партии кои во изборниот период, за свои лични интереси, го искористиле рекламното пано на Охридско лето за поставување на свои рекламни материјали.


Јун 29, 2020

Подобрување на кадровската екипираност и раст на платите  во здравството, раст на капитацијата за осигурено лице кај матични лекари и стоматолози решавање на проблемот на специјализантите,стимулирање и кофинансирање нови ПЗУ водени од млади лекари. Ова се дел од мерките од програмата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија, кои денеска на прес конференција ги презентираше кандидатот за пратеник др Грација Бакраческа.


Окт 31, 2021

Кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков утрово го искористи своето право на глас на избирачкото место 1262 во ООУ “Григор Прличев„. Пецаков беше придружуван од својата сопруга и за медиумите изјави дека во вториот круг очекува уште поголема разлика во негова корист.


Јун 29, 2020

Општината утрово  со полициска асистенција рушеше нелегални објекти на плажата Канео со што продолжи акцијата за враќање на плажите во првобитна состојба согласно владината уредба.  Денеска истече рокот кој им беше даден на сопственици на објекти на крајбрежјето во делот на населбата „Канео“ Далјан како и од „Свети Стефан“ до „Градиште“ сами да ги отстранат платформите и урбаната опрема кои нелегално ги поставиле.