Skip to main content
Пролет
Мар 14, 2023
Се празнува почетокот на пролетта
Денеска е Летник, се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија.

Преподобна Евдокија
Мар 14, 2023
Празник
Денеска, 14-ти март, според календарот на Македонската православна црква, се празнува Преподобната маченичка Евдокија.

Горна Порта
Мар 14, 2023
Јп охридски комуналец
Се подигнува расфрлана покуќнина, градежни материјали и друг кабаст отпад, од кој несовесни граѓани на овој начин се ослободиле во срцето на Охридското Кале.

Крводарителска акција
Мар 13, 2023
По повод денот на крводарителството
Крводарителска акција во организација на Унијата на жени, Општинскиот комитет и Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Охрид, во среда на 15-ти март.

Музеј
Мар 13, 2023
Музеј куќа на робевци
Златната соба, Спомен поставката посветена на Робевци, како и етнолошката и археолошката поставка се најпривлечни за посетителите на охридскиот музеј. Се уште најбројни посетители се странските туристи, додека кај домашните е слаб интересот. Но, сепак радува фактот што после ковид пандемијата, од година во година, се забележува раст на бројот на посетители.

Промоција боенка
Мар 13, 2023
Изданието е финансирано од министерството за култура
Денес во Охрид, се одржа промоцијата на боенката и сликовница, Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов. Станува збор за дело на писателката Мерсиха Исмајлоска и илустраторот Александар Илиевски. Сите љубители на убавите приказни за деца, може да ја нарачаат на фејсбук страната на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“, а наскоро ќе биде достапна и во книжарницата „Просвета“.

Енергични луѓе
Мар 13, 2023
Центар за култура григор прличев
Во понеделник на 27-ми март со почеток во 20 часот повторно хит претставата „Енергични луѓе“ по повод светскиот ден на театарот.

Пхв работилница
Мар 13, 2023
Клуб на млади
Обуката ја водеа дисеминаторот Ана Марија Петковска и помошник дисеминаторот Борче Исакоски, како и ПХВ мини менторите.