Петкоска: Цврстата определба да ја исправиме македонската економија е нашиот врвен приоритет
Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5 од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија потенцира дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за континуирани реформи за подобрување на бизнис-климата во согласност со препораките на Светска банка и враќање на имиџот на земјата кај странските инвеститори.
Голем е интересот за почнување со работа на пливачките школи и клубови во Охрид
Протоколите за тренинзите за отворените и затворените базени се познати, но е неизвесно кога базените ќе почнат со работа. Тренинзите почнаа во скопските базени, во соседна Струга се вршат уписи за отвореното пливалиште, а охридските пливачки школи и клубови чекаат да им се овозможат услови за работа.
Георгиески: Се надевам дека граѓаните ќе одлучат Охрид да продолжи да се движи во правилна насока
Кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески утрово гласаше во ОСУ „Св Климент Охридски“. Георгиески на гласањето беше придружуван од својата сопруга и за медиумите изјави дека очекува граѓаните да го направат вистинскиот избор за Охрид да продолжи да се движи во правилна насока.
Лазаревска:Влеговме во НАТО, МОЖЕМЕ во ЕУ
Преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја вратиме државата на правиот пат.
Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот 13.06.2020 – 25.06.2020 година за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат
Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19. Денеска (25.06.2020 година), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13.06.2020 година до 25.06.2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на КОВИД-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок/среден ризик за КОВИД-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат.
672 прекршоци за неносење заштитни маски
Во текот на изминатото деноноќие (25/26.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 672 прекршоци.
Мицкоски од Охрид: 60 пратеници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата се реалност
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата својата изборна кампања ја започна од Охрид. На првиот митинг во Охрид обраќања имаа претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и Игор Дурловски – носител на листата на пратеници во ИЕ5 и кандидатите за пратеници од Охрид, д-р Кирил Пецаков, Лидија Петковска и д-р Грација Бакраческа.
Таневски: Гласот за Коалицијата МОЖЕМЕ и СДСМ е глас за стабилна и просперитетна иднина на нашата земја
Гласот за Коалицијата МОЖЕМЕ и СДСМ е глас за стабилна и просперитена иднина на нашата земја и за сите нејзини граѓани, порача кандидатот за пратеник Лазе Таневски на првото обраќаење во изборната кампања. Тој ги повика граѓаните да излезат на изборите за земјата да добие функционално собрание со демократско и одговорно мнозинство и политичка влада со полн легитимитет за есента да ја дочекаме подготвени за новите предизвици кои ги носи Ковид 19.