Регистрирани се 643 прекршоци за неносење заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие (24/25.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.
Патниците три часа порано треба да пристигнуваат на аеродромите
Да се носат заштитни маски, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена. Ова се само мал дел од новите правила за патување, кои се воведуваат на аеродромите со цел спречување на влез и ширење на Ковид 19. Од први јули Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле Охрид ќе се отворат за патнички летови за што интензивно се подготвувале следејќи и искуства од странство со цел безбедни аеродромски услуги.
Проширена листата со производи кои може да се плаќаат со картичката „Купувам домашно“
Граѓаните ќе може да купуваат облека, обувки, мебел, лекови. Може да плаќаат и услуги како на пример шишање, летување во хотел или кампирање.
Од 1 јули со работа почнуваат и аеродромите во Охрид и Скопје
Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Северна Македонија на 72 седница, што се одржа синоќа, донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.
20-тина избирачки места во Охрид не ги исполнуваат условите за безбедно гласање
Тие гласачки места ќе бидат преместени во најблиските училишни згради. Во моментов тече увидот на состојбата на избирачките места од страна на Државната изборна комисија од поддрачното одделение на избирачките места во Охрид и Дебрца.
ОХРИДСКА БАНКА ЌЕ ВРШИ ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ
Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши исплата на пензии за јуни 2020 година во периодот 26.06.2020 година – 01.07.2020 година.
50,82 отсто излезност во Охрид до 17 часот
Во Охрид до 17 часот своето гласачко право го оствариле 26 644 граѓани, односно 50,82 отсто, според последните информации на Државната изборна комисија.
ЗАПОЧНУВА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛ. „15ти КОРПУС“
Започнуваат активности за асфалтирање на ул. „15 ти Корпус“. Поради тоа учесниците во сообраќајот потребно е да ги користат алтернативни патишта или доколку постои можност и целосно да се избегне движењето по оваа улица.