Во малопродажба почна купувањето со Домашната платежна картичка
Со картичките се купуваат домашни производи во висина од 9000 и 3000 денари во зависност од пропишаните услови кои ги исполениле граѓаните. Во трговија на мало произоводите се обележени, а се означени и касите каде што се врши наплатата за производите.
Општинaта ќе го средува просторот на плажите каде што се рушеше
Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата седмица се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема.
Во Охрид 41 % излезност до 15:30 часот
Според најновите податоци од Државната изборна комисија до 15:30 часот, од обработени податоци од 89 избирачки места, на гласање излегле 21 500 охриѓани или 41 % од запишаните 52.477 избирачи.
ЕКО ФАПОТ ја среди дивата депонија на улицата „Јордан Мијалков“
На иницијатива на „ЕКО ОХРИД“ викендов беше реализирана еко акција за средување на просторот на дел од улицата „Јордан Мијалков“ кој веќе неколку години наназад прерасна во депонија.
Регистрирани 2.169 прекршоци поради неносење заштитна опрема, издадени 1.145 решенија за изолација
Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 19709 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 2169 во изминатиот викенд, а 705 прекршоци во изминатото деноноќие.
„Вдиши театар“ се одлага за наредната година
Годинешното издание на меѓународниот аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид, традиционално во месец јуни го најавуваше културното лето во Охрид, заради ситуацијата со епидемијата на COVID-19, оваа година младите од театарската група на Црвен крст Охрид, на симболичен начин, почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот, од предворјето на црквата „Св.Софија“ во Охрид упатија силна порака дека тие се дел од решението, а не од проблемот и со нетрпение го очекуваат седмото издание на „ВДИШИ ТЕАТАР“.
Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион
Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион на Република Северна Македонија врз основа на Индексот на активна транспарентност на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Општина Охрид пред Општина Струга по бројот на активни случаи со COVID-19
Во период од 13 до 19 јуни Центарот за јавно здравје Охрид извршил 239 тестирања за присуство на COVID-19, во општина Охрид и Дебрца на 87 лица, во општина Струга и Вевчани на 103 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа на 49 лицa.