Skip to main content
Кирил Пецаков
Мар 9, 2023
Реакција на прес на министерката за култура
Градоначалникот на Охрид со реакција на заклучокот на Комисијата за УНЕСКО во врска со хотелот во Лагадин. Пецаков вели дека два пати дал негативно мислење за одобрението за градба на хотелот, како и претходните градоначалници во изминатите 6 години. А второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќала предметот на повторно одлучување во Општина Охрид за на крај да одлучи мериторно за хотелот.

Светски ден
Мар 9, 2023
Кампања низ целиот свет
Светскиот ден на бубрегот во Македонија се одржува по 18-ти пат, а настани по повод денот има во сите градови ширум земјата во соработка со центрите за дијализа Диаверум и Нефроплус, Клиниките за нефрологија и урологија и Заводот за нефрологија во Струга.

Бисера Костадиновска Стојчевска
Мар 9, 2023
Национална комисија за унеско
Општина Охрид да ја преиспита изградбата на хотелот во Лагадин, а во меѓувреме таму да нема активности, порача министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Ова е заклучок на националната комисија за УНЕСКО која заседаваше синоќа. Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не предвидува исклучоци како што тоа го предвидела локалната во сегашната одлука за донесување и спроведување на урбанистички планови и легализација на дивоградби, посочуваат од Комисијата и препорачуваат Општината да донесе нова одлука.

Комуналец
Мар 9, 2023
Јп охридски комуналец
Од Јавното претпријатие додаваат дека се реализирани и вонредни активности за чистење на крајбрежниот појас од градско пристаниште до Холандски Парк.

Касарна хаб
Мар 9, 2023
Туристички сектор
На 24-ти и 25-ти март од 12 до 18 часот во просториите на Касарна Хаб ќе се одржи Саем за сезонско вработување на средношколци и студенти.

Саем Берлин
Мар 9, 2023
Итб берлин
На ИТБ Берлин започнаа преговори за чартер линија Букурешт-Охрид, состаноци со туроператорот ТУИ кои изразија подготвеност за поставување на трета дестинација за 2024 година од која ќе оперираат со чартери, зголемувајки го бројот на туристи.

Ул. Пирин Планина
Мар 9, 2023
Јп водовод охрид
Во тек е втората фаза, поставување на цевковод и приклучување на сите објекти во новата водоводна линија на ул. „Пирин Планина”.

Подземни води прес
Мар 9, 2023
Нова десетгодишна програма
Нова, десетгодишна програма за управување, користење и заштита на подземните води во Македонија. Во соработка со швајцарската амбасада во земјава и Министерството за животна средина ќе се пристапи кон изработка на национален катастар на подземни води во земјава, а потоа ќе се утврди правилен начин на управување со истите, посочи денеска Министерката Каја Шукова.