Skip to main content
Јун 15, 2020

Се сруши дел од коловозот на улицата Славеј Планина поради градење нова зграда. Жителите месеци наназад бараат стопирање на изградбата на станбениот објект на приватен инвеститор поради штетите кои настануваат на куќите околу градилиштето.  Од Општината велат дека по итна постапка ќе се утврдувале пропустите и ќе се санирала штетата.


Јун 15, 2020

Повик до родителите и  полуматурантите да не се организираат традиционалните прослави по повoд завршувањето на основното образование.  Ова го побараа Активот на директори  од сите општински основни школи. Жалат што  ќе изостане прославата на полуматурата, но  им порачаа  дека ќе имаат  можности понатака во животот за уште поголеми прослави. Сега  во време на епидемија со Ковид 19 е потребно да се спречи ширењето на болеста и  да надвладее разумот над емоциите.


Јун 15, 2020

ЈП Водовод – Охрид од денеска започнува со репрограмирање на долговите на корисниците (физички и правни лица) на услугите на претпријатието, како дел од мерките за справување со економските последици настанати од корона вирусот.


Јун 12, 2020

Исчистија дел од подводното крајбрежје на плажа  во Свети Стефан. При тоа извадиле големи количини отпад и предмети кои ги користат луѓето. Од Акватек апелираат до сопствениците на рестораните пред плажите, да организираат  подводно чистење на капалиштата. 


Јун 12, 2020

Денес има регистрирани 10 нови случаи на ковид 19. Пет од позитивните лица  се поврзани со кластерот од семејната прослава на новороденче. Се работи на откривање и изолација на контактите за   останатите  случаи. 


Окт 30, 2021

Во изминативе 24 часа во земјава се евидентирани 495 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени вкупно 4.145 тестирања, соопштија денеска од Министерство за здравство.


Јун 12, 2020

Во моментов се пет хоспитализирани лица на инфективното одделение на различна возраст. Ние ги примаме полесните случаи кои досега ги транспортиравме во Битола, потешките случаи ќе се испраќаат на Инфективната Клиника во Скопје. Капацитетот на охридската болница е лекување на 18 пациенти, вели директорот Горан Балевски.


Јун 12, 2020

Откажани се сите резервации се до март 2021 година. Најголемата криза сеочекува во септември, кога ќе има масовни отпуштања од работа.