Намален бројот на поднесени барања за категоризација на леглата во приватното сместувањe
Во изминативе месеци опаднал бројот на поднесени барања за категоризација на леглата во приватното сместување. Деновиве со олабавување на мерките започнало и мало раздвижување и во оваа сфера, велат од одделението на Тлер. Комисијата наскоро ќе почне да излегува на терен за да ги утврди категориите кои од година во година стануваат се подобри.
Ноќеска започнува зимското сметање на времето
Ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Ќе добиеме час повеќе за спиење, но и пократок ден.
Загрижува верувањето дека вирусот не постои не само кај граѓаните туку и кај дел од лекарите
Од Лекарската комора апелираат колегите да ги исполнуваат своите обврски кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази и кодексот на медицинската етика. Кон овој апел се приклучуваат и дел од охридските лекари.
ИЗГРАДБА НА ЧЕТИРИ ПОТПОРНИ ЅИДОВИ НА УЛИЦА „15-ТИ КОРПУС“
Во рамки на проектот за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“, деновиве се работи на изградба на потпорни ѕидови на неколку локации, во должина на сообраќајницата.
Повеќе од илјада прекршоци за не носњењ заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие (10/11.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација.
СЕ ЧИСТИ И УРЕДУВА НА ПРОСТОРОТ ЗА СИДРЕЊЕ НА ПЛОВНИ ВОЗИЛА
После алармантната ситуација која беше затекната со превземањето на локацијата во делот на заштита на Охридското езеро и третманот досегашен кон него, ЈП „Билјанини Извори“ достави барање до јавната научна установа Хидробиолошки завод Охрид, итно уредување. Добиено е позитивно мислење за да се изврши чистење на тињата од горниот брегот према Охридското езеро во должина по целата страна од 20 метри и ширина од брегот кон трските од 5 метри.
Плажите на брегот на Охридското езеро ќе треба да се исчистат од објекти, шанкови, лежалки и да се вратат во првобитна состојба
Владата на една од последните седници донесе Уредба со која им се наложува на концесионерите да ги тргнат изградениети платформи и угостителските објекти , бидејќи договорот за закуп им е истечен од пред три години. Одлуката се однесува на сите плажи вдолж охридското и струшкото крајбрежје, од Свети Наум до Радожда.
Во Охрид денес се регистрирани 8 нови случаи со Коивд 19
Од нив шест од градот, еден од Луково и еден од Радовиш. 5 лица се поврзани од познат кластер кои учествувале на семејна прослава. Триесет лица од истиот кластер покажале негативни резултати. Над 80 лица се наоѓаат во домашна изолација.