Skip to main content
Јун 4, 2020

Од градинката информираат дека предност ќе им дадат на самохраните родители и вработените кои не можат да отсуствуваат од работните места. Вработените ги прават подготвките за спроведување на сите протоколи за безбеден престој на децата во установите. Скринингот за вработените на  Ковид 19 кој беше  најавен за   понеделник и вторник се одлага.


Јун 4, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (03/04.06) на територијата на Република Северна Македонија на 435 лице им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.


Јун 4, 2020

Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид, ја спроведе првата фаза од проектот “Мојот советник под лупа”, со цел зголемување на транспарентноста, отчетноста и доброто владеење на локалната самоуправа и запознавање на јавноста со работата на нивните претставници во општината. 


Јун 4, 2020

Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.


Јун 3, 2020

Охридскиот народен театар денеска слави роденден. Основан пред 9 години, од првата претстава Метаморфози до „Хотел ни на небо ни на земја“, охридскиот театар постави пред својата публика 31 претстава. Годинава нема роденденска премиера на штиците што живот значат и под симболот на двете маски тажна и среќна. Денеска сите носиме едни поинакви маски а театрите се затворени.


Јун 3, 2020

 Вработените од паркот се на терен и ги пребројуваат новородени срни. Нивните очекувања се камерите во паркот да регистрираат поголем број од 24 женки кои беа пуштени во паркот кон крајот на декември минатата година.


Мар 1, 2022

Деновиве се одвиваат активности за реконструкција на плочките на улицата „Климентов Универзитет“. Градоначалникот Кирил Пецаков изврши увид на градежните зафати, кои ги извршува фирмата „Бокоп“. Предвидено е реконструкција на плочките да се изврши на повеќе локации низ Стариот дел на градот каде што има потреба.


Јун 3, 2020

Каптирањето на изворот е според веќе изготвен  проект од пред 10 години и е значаен за жителите и за работата на претпријатието Водовод. Со каптирање на изворот нема еколошки импликации врз животната средина.