Skip to main content
Форум Дебрца
Мар 2, 2023
Општина дебрца
На првата форумска сесија учесниците се запознаа со форумскиот процес и дискутираа за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца.

Вмро дпмне Охрид
Мар 2, 2023
Реакција
Фактите се дека ЈП „Водовод“ до Регулаторната комисија за енергетика не доставило барање туку информација за вкупните расходи и приходи согласно Закон, а потоа цената на водата ја утврдува единствено и само единствено РКЕ, а не Претпријатието. Факт е дека и бројот на вработени во Претпријатието постојано се намалува, велат од ВМРО ДПМНЕ.

sdsm ohrid
Мар 2, 2023
Соопштение
Дали оправданоста на барањето на поскапување на водата ја гледаат во можност парите да се трошат за вработување на нови лица? Моментално во претпријатието има околу 10 нови вработени со Договор на дело, дуплирани работни места и очигледно партиски послушници на ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ Охрид.

Предавање
Мар 2, 2023
Женски центар бисера
Предавањето го организираа Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”.

Енергични луѓе
Мар 2, 2023
Центар за култура григор прличев охрид
Претставата „Енергични луѓе“ која ќе се одигра на 3-ти март е веќе распродадена. Следната изведба е закажана за 17-ти март, почеток 20 часот.

Анастасија Узунова
Мар 1, 2023
Општина охрид
Должината на новата фекална канализација изнесува 60 метри во вредност од 463 744 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Мар 1, 2023
Владина одлука за замрзнување на цената на лебот
Рафтовите останаа празни во продавниците, а пекарите не доставија леб за цена од 33 денари. Не отстапија од ставот дека ќе го прекинат производството по владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб. Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат ја следат ситуацијата на терен.

Полиција несреќа
Мар 1, 2023
Повредени се три лица
Автомобил со охридски регистарски ознаки излетал од патот Охрид-Свети Наум. Во несреќата со повреди се здобиле тројца охриѓани.