Пецаков: Го повикувам тивкото мнозинство повторно да избере промени и тоа громогласно да одекне
Драги мои охриѓани, промените започнаа, ги донесовте вие. Нашите вистински хеори од секојдневието кои ги живеат храбро препреките и ги надминуваат храбро предизвиците на нашето време, истакна на денешната прес конференција Кирил Пецаков, кандидат за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.
Ништо од рушењето на парапетчето во Градиште
Уривање на ѕидот во автокампот „Градиште“ само за фотографирање и снимање. По срушени само 5-6 метри отстранувањето на нелегалниот бетонски ѕид на самиот брег на езерото престана , обвинуваат Пештанци. Околу 150 семејства кои имаат имоти во Градиште во постапка за денационализација обвинуваат дека на оваа атрактивна локација се врши невидена узурпација која надлежните не ја стопираат.
Расте бројот на новозразени со Covid-19, можно е затворање на општини со карантински мерки
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изрази загриженост поради растот на бројката на новозаболени од ковид-19. Најави дека ќе се дискутира на Комисијата за заразни болести следната недела за евентуално затворање на општини со карантински мерки каде што има голем број случаи.
Усвоен Ребалансот на Буџетот на општина Охрид
21 милион денари кратење на непродуктивни трошоци. Опозицијата обвинува дека со ребалансот се крати во сферата на туризмот. Градоначалникот ги отфрла обвинувањата и напоменува дека со ребалансот нема откажување од капиталните инвестиции.
Советот за безбедност утре напладне ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба
Советот за безбедност утре напладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Утре истекува рокот од последната 14 дневна вонредна состојба што претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на 15-ти мај.
Без вода дел од крајбрежјето
Поради дефект на главна линија, денес, има прекин со водоснабдувањето, на потегот од хотел Метропол до Пештани.
Охридските угостители ги отворија летните тераси
На терасите на охридските кафетерии денес се служеше кафе. Персоналот со заштитни маски и ракавици, гостите едни од други на растојание, по двајца на маса. Ова е сликата на која ќе треба да се навикнеме да ја гледаме одреден период. Дали угостиелите ќе бидат ќар или зијан од оваа сезона зависи од тоа како ќе се справуваме со ширењето на вирусот од што зависи понатамошно олабавување на мерките.
Короната ги секна парите за рурален развој и специфични рурални подрачја
Со кратење на буџетот средствата за развој на овие подрачја се пренасочени во антикризните мерки за поддршка на граѓаните и стопанството. Програмите за прекугранична соработка од ЕУ течат непречено.