ВО СРЕДА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОХРИД
Општина Охрид, Црвен Крст – Охрид и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје на 27.05 2020 година (среда), организираат крводарителска акција во спортската сала при ОУ „Григор Прличев“ во Охрид.
Расте бројот на активни случаи од Ковид-19 во земјава
Се зголемува бројот на активни случаи од Ковид-19 во земјава. Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден, активни се 6.395 случаи од кои најголем број се во Скопје 3203. Во Куманово има 455 активни случаи, во Велес 328, во Прилеп има 257, во Битола 216, во Кавадарци 211, во Штип 207, во Охрид 192.
Два нови случаи на COVID-19 во Охрид регистрирани се 37 нови случаи во државава
Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус.
Оваа сезона Вевчани очекува туристи
Вевчани и оваа сезона очекува туристи. Планинската природа, бројните излетнички места, манастири, летничките езера и Вевчанските извори се магнет за гостите. Општината започна со изработка на видео спотови за промоција и привлекување на туристи од поголемите градови во земјава.
Охридскиот кардиохирург Марјан Шокаровски дел од првата трансплантација на срце во македонското здравство
Дел од мешаниот тим на хирурзи од јавното и приватното здравство кој успешно го спроведе овој зафат прв од тој вид во Македонија е и кардиохирургот Марјан Шокаровски од Охрид.
Првата попуподморница заплови по Охридското езеро
Симпатично пловно објектче кое се очекува да биде посебно доживување и за туристите и за охриѓани, со овие зборови Капетанот на капетанија на пристаништа ја опиша полуподморницата која денеска беше спуштена во водите на Охридското езеро. Пловилото има провидно дно за разглед на езерското дно и е во сопственост на кавадаречка фирма.
Припадниците од друштвото Луњина од Охрид бараат промена на називот Власи во Армани
Влашкиот јазик да се пренесува на децата уште во домот и да се учи факултативно во училиштата. Сеуште е мал бројот на граѓаните кои имаат влашко потекло и се декларираат по националност како Власи. Нивните барања доаѓаат во пресрет на 23 мај Националниот ден на Власите.
УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА АКТИВНО ВКЛУЧЕНА ВО БОРБАТА СО КОВИД-19
Универзитетската клиника за психијатрија по повод Светската недела за подигнување на свесноста за ментално здравје (18-22 мај) ја потенцираат важноста за унапредување на менталното здравје, посебно во време на актуелната пандемија со Ковид-19.