Skip to main content
Мај 20, 2020

Исечени се четири врби со решение на Комисијата за сечење дрва при Локалната самоуправа. Просторот ќе се уредува хортикултурно, а ниедно еколошко друштво не се јавило на повикот од  општината да даде свое мислење за сечењето  на дрвата.


Мај 19, 2020

Отстранети се хаварисани и потонати пловила и се ослободени дополнителни места за врзување на пловилата. Над десетина пловила чекаат сопствениците да си ги подигнат или во спротивно ќе завршат на отпад.


Мај 19, 2020

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на ковид -19.


Мај 19, 2020

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ се постојано ангажирани  во подигнувањето на степенот на јавна чистота и јавното зеленило  во градот и приградските населби.


Мај 19, 2020

Од нуркачкиот центар „Амфора“ информираат дека после подолга обсервација рибата „Сончарка“ кој природно не припаѓа во ендемичниот еко систем на Охридското Езеро веќе се одомаќинила во охридските води и забележани се многу интересни моменти особено во нејзиното однесување за време на мрестење.


Окт 28, 2021

Сопствениците на миленици петицијата ќе ја достават пред новиот состав на градските избраници. Оптимисти се дека Локалната власт ќе ги препознае потребите на Локалната заедница.


Мај 18, 2020

Утрово започна уривањето на бетонскиот ѕид  кој беше изграден на брегот на езерото во близина на кампот Градиште. Багери го отстрануваа таканареченото парапетче кое предизвика бурни реакции кај охриѓани.


Мај 18, 2020

Помошта за домашниот туризам ќе значи по 100 евра за околу 100.000 граѓани и дополнителна платежна картичка во вредност од 50 евра за да одмараат во домашните туристички дестинации.Од Хотам  апелираат сите да ги почитуваат дадените здравствените препораки во спротивно се паѓа во вода.