Антикорупциска комисија: Владата да ги преземе надлежностите за уривање на дивоградбите во Охрид, Струга и Дебрца
Државната комисија за спречување на корупцијата побара од Владата да ги одземе надлежностите на сите општини за уривање на нелегално изградените објекти во охридско-струшкиот регион под заштита на УНЕСКО. Одлуката на Комисијата е донесена откако утврдиле дека средствата кои ги предвидела Општина Охрид се премалку за оваа намена. Овој регион е под заштита на УНЕСКО и потребно е справување со бесправно изградените објекти, побара Билјана Ивановска, претседател на Антикорупциска комисија.
Лични карти ќе се издаваат и викендов
Во пресрет на одржување на вториот круг од Локалните избори што ќе се одржи во недела на 31 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи известува дека и во сабота и недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.
Затворена ОДВ Електрик по двата новорегистрирани случаи со Ковид 19 во Охрид
Никој не открива колкав е бројот на лица ставени во изолација иако ТВМ има инфромација дека станува збор за 20 -тина лица. Нема тестирања заради тоа што никој непројавил симптоми за да ја исполни дефиницијата за случај и да биде тестиран. Од ОДВ Електрик и од ЦЈЗ тврдат дека навреме биле преземени сите мерки за дезинфекција на фабриката и заштита на вработените. Фабриката ќе биде затворена 14 дена, до 23-ти мај.
17 нови случаи на Kовид-19
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
Првачињата во основните училишта ќе се запишат во месец јуни
Од локалната самоуправа информираат дека запишувањето на првачињата во новата учебна година ќе се врши во месец јуни.
Плажите да се стопанисуваат без договор и оваа сезона, бараат дел од поранешните концесионери
Велат дека исполнување на протоколи за заштита од вирусот на плажите ќе создадат доволно финансиски терет и без тоа што нема да плаќаат во општинската каса за закуп. Градоначалникот потсетува дека со години немаат договор за закуп и додава дека проблемот со плажите не може да го реши општината без помош од државата.
Комисијата за заразни болести бара продолжување на вонредната состојба
Предлогот треба да се разгледа на утрешниот состанок на Советот за безбедност.
Филипче ги презентира протоколите за одржување на изборите
Кампања без масовни собири, од врата до врата ќе има ама на дистанца и во двор, во штабови состаноци до два часа, гласање со маска и дезинфицирање. Ова е предвидено во протоколот за условите и начините на спроведување на избори подготвен од Комисијата за заразни болести на барање на претседателот Стево Пендаровски. Министерот филипче очекува протоколот без исклучок да се почитува од сите учесници во изборите.