ОО СДСМ: Од ВМРО ДПМНЕ критикуваат без аргументи
Ние од СДСМ – Охрид им порачуваме на ВМРО ДПМНЕ не плукајте по се’ што е постигнато имајте доблест и на реалноста погледнете и’ во очи. Не гледајте само тесно партиски и не пишете соопштенија со истрошена реторика од затворени кабинети, им порача на ОК на ВМРО ДПМНЕ охридските социјалдемократи.
И занаетчиите се надеваат на летната сезона
Занаетчиите со нетрпение го очекуваа моментот кога повторно ќе ги отворат своите дуќани и салони. Скоро половина од нив имаа блокирани жиросметки и пред епидемијата а корона кризата дополнително им ја влоши состојбата. Сега се надеваат дека полека работите ќе се поместат кон подобро. Се надеваат летната сезона, без оглед дали ќе има само домашни или и странски туристи, да им помогне да застанат на нозе.
Џамиите ги отворија вратите за своите верници
Како што одлучи Исламската верска заедница, денеска се отворија џамиите во земјава. За исполнување на религиозните обврски во текот на светиот месец Рамазан отворена е и Алипашината џамија во Охрид. Таму беше денес централната молитва. Верниците точно во 13 часот пристигнаа во верските објекти.
ДИК утрово од печатницата „Киро Дандаро“ Битола го презеде избирачкиот материјал
Државната изборна комисија утрово од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од Локалните избори 2021.
Вртоглав пад на бројот реализирани ноќевања и туристи во споредба со бројките од истиот месец од минатата година
Според официјалните најнови податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2020 година изнесува 17.943, а бројот на ноќевањата изнесува 41.948.
Нема избор за најхумана медицинска сестра, епитетот им припаѓа на сите кои се борат со Ковид 19
Медицинските сестри заедно со лекарите се на првата борбена линија со пандемијата и на 12 мај кога се одбележува Светскиот ден на сестринството. Годинава ќе изостане изборот за најхумана медицинска сестра и епитетот им припаѓа на сите нив кои се борат со Ковид 19. Медицинските сестри велат респектот кон професијата се зголемува и пациентите ја препознаваат нивната голема пожртуваност во борбата за спасување на човечки животи.
Донација на заштитни маски во Црвен крст Охрид
Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, денеска на Општинскиот Црвен крст му врачи одредена количина на заштитни маски за повеќекратна употреба.
Во четврток крводарителска акција организирана од Организацијата на Црвениот крст од Охрид
Вo рамки на Неделата на Црвениот крст, од 8 до 15 мај, Црвен крст Охрид во соработка со Трансфузиолошкото одделение во Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 14.05.2020 (четврток) во просториите на Трансфузиологија во Охрид (Општа болница) во периодот од 8:30 до 12:30 часот.