Skip to main content
Мај 8, 2020

Ј.П.„Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека во периодот 09.05.2020 год.(сабота)-11.05.2020 год. (понеделник) е забрането паркирање на автомобилите на просторот од новиот плоштад кај Табана-ул.„Коста Абраш“.


Мај 7, 2020

Во очекување на официјални протоколи за работа во наредниот период охридските угостители наголемо се подготвуваат за отворање на кафетериите и рестораните. Објектите ќе работат со скратено работно време и со скоро преполовен капацитет што значи работењето ќе биде далеку од рентабилно. Но угостителите  велат дека тоа ќе биде сепак подобро од ништо и на задоволство на граѓаните.


Мај 7, 2020

Полициски службеници на граѓаните од регионов им поделија пакети заштитна опрема. При ота ги потсетија граѓаните за задолжителната законска обврска и препораките за носење и користење заштитни маски како најпотребно средство во одбрана од Корона вирусот.


Мај 7, 2020

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ од утре ќе започнат со расчистување на џбунеста вегетација (трње, диви капини и др.) во паркот „Мазија“. Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ во истиот парк на четири врби ќе извршат кастрење и уредување на крошните, додека други четири врби ќе бидат целосно отстранети, бидејќи се болни и потполно исушени и не постои можност за успешно санирање.


Окт 27, 2021

На само неколку дена пред вториот изборен круг, Кирил Пецаков се одважи и конечно призна дека неговиот план е Охрид да го врати назад во минатото и дека ќе биде слуга и маша на личните и бизнис интереси на поединци, кажа денеска на прес конференција кандидатот за Градоначалник од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески. Не можам да поверувам дека гази врз природата и сите правни норми, дека повторно сака да ги одземе плажите од граѓаните и да ги врати во рацете на профитери, рече Георгиески.


Мај 7, 2020

Овој начин на совладување на наставните содржини  и  вежбањето на композиции на инструментите бара поголем ангажман  и од учениците и од наставниците. Директорката на музичкото школо е задоволна од досегашиот тек на  реализација на наставата.  


Мај 7, 2020

Епидемиолошката состојба во Охрид е стабилна во континуитет, отценува првиот човек на центарот за Јавно здтравје, Сашо Точков.
Од вкупно 15 случаи на лица инфицирани со корона вирус од почетокот на епидемијата до денес, 7 лица се оздравени односно не се повеќе позитивни на вирусот. Останатите 8 лица веќе имаат прв негативен тест и се очекува вториот негативен резултат за присуство на вирусот. Денеска се земаа и испраќаа материјали односно брисеви во лабораториите во Скопје.


Мај 6, 2020

Се подготвува 60тото јубилејно издание на реномираниот Фестивал  Охридско лето. Состојбата со Корона вирусот ќе наметне прилагодувања но како ќе изгледа нашата најголема музичко сценска манифестација низ призмата на мерките за контрола на вирусот е рано да се предвиди во целост. Од 12 јули до 20 август Охрид на фестивалските сцени ги пречекува  врвните светски имиња од уметноста а годинава требаше да биде домаќин и на Генералното собрание на бордот на директори на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА), како укажано признание од асоцијацијата за нашиот реномиран фестивал.