Тетовчанец фатен со недозволена пиротехника во Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Тетово.
Заживуваат одамна напуштените родни огништа во општина Дебрца
Во изминатиов месец и половина се повеќе луѓе се враќаат од градот во заборавените села, информира градоначалникот Зоран Ногачески. Додава дека некои од повратниците почнале и со обработка на напуштеното обработливо земјиште кое во општината го има на стотици хектари.
Охриѓани ентузијасти почнаа самоиницијативно расчистување на диви депонии
Почнаа од Горица и населбата Даљан, а утре ќе расчистуваат во населбата Рача. Повикуваат сите кои сакаат да помогнат на овој начин за почист Охрид се добредојдени во нивните редови.
Оздравени се 36 пациенти, потврдени нови 22 случи на ковид 19, вкупната бројка на дијагностицирани 1421, починати се 6 лица
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.
Стратегиска оцена за изградба на претоварна станица за комунален отпад во Долно Лакочереј
Општина Охрид, денеска ја објави одлуката донесена на 16ти април, за спроведува ње на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за изградба на претоварна станица за комунален отпад во Долно Лакочереј.
Kампања „Дома си е дома“ за спасување на туризмот
АППТ започна маркетинг кампања „Дома си е дома“ за ублажување на негативните ефекти во туризмот од кризата со коронавирусот.
Агенцијата подготовува кампања за домашните гости со која ќе ги промовира македонските атракции, подзаборавени дестинации и оние што добро ни се познати, но вреди да се посетат повторно.
МТЦ: Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети
Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети, на сила се уште важи Одлуката за затворање на аеродромите, велат од Министерството за транспорт и врски.
Пронајдена марихуана кај 31-годишен охриѓанец
На 26.10.2021 на улицата „Аргир Маринчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охртид го приведоа и лишија од слобода Ѓ.С.(31) од Охрид затоа што кај него, пронајдена и одземена е марихуана.