Skip to main content
Апр 24, 2020

Градоначалникот Константин Георгески при објавувањето на оваа вест побара воедно и разбирање од граѓаните за изменитње на сообраќајниот режим при реализациојата на , како што рече, овој сложен капитален инфраструктурен проект. Доколку се тече според планираното, комплетната реконструкција на улицата ќе треба да заврши за околу една година. Вредноста на вкупната инвестиција е околу 40 милиони денари.


Апр 24, 2020

Донацијата е на иницијатива на општина Охрид ,а донатори се повеќе општествено одговорни компании, претпријатија и невладини организации. Меѓу медицинските установи се охридската општа болница, костозглобна, кардиолошкиот центар и здравствен дом.


Апр 24, 2020

Сите ученици од  ова училиште следат он лине настава  во услови на пандемија кога школите не работат. Меѓу двата патронати учениците постигнуваат резултати во нсатвниотпорцес ,а се подобруваат и работните услови. 


Окт 27, 2021

Денеска, 27-ми октомври, според календарот на Македонската православна црква се празнува Преподобна Параскева – Петковден, во народот позната како света Петка.


Апр 24, 2020

Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на реконструкција на дел од канализационата мрежа во село Пештани.  Акцијата се спроведува со цел да се реши проблемот  предизвикан со дел од септичките јами.


Апр 23, 2020

Состојбата е под контрола, смета министерот Венко Филипче. На Инфективната клиника во Скопје доброволно се вклучи кардиологот доктор Игор Балески, по потеко охриѓанец.Тој долги години живее и работи во Универзитетската болница во Марибор, а ќе престојува во земјава за да помогне на пацеинтите и колегите со своето искуство во борбата со Ковид 19.


Апр 23, 2020


Социјалните работници се изнендени од затишјето бидејќи претходно повиците биле зголемени. Во периодот пред прогласување на пандемијата во првите два месеци од годинава до нивниот Центар биле пријавени 40 жртви од семејно насилство.


Апр 23, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.04.2020 година), според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид седум лица не ја почитувале забраната за движење  за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Кичево-6, Струга-1).Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби и нема регистрирано  нарушување на јавниот ред и мир.