СВР Охрид: Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна
Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.04. до 07.00 часот на 11.04.2020 годинa, четири лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Охридскиот кризен штаб бара забрана за влез на жители од други градови во Охрид
Оваа мерка е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели во време на епидемија, објаснуваат од кризниот штаб.
Први ги затворија угостителските објекти но први и ќе закрепнат од економската криза
Вакви се предвидувањата на експертите по туризам за угостителите. За разлика од угостителите, сценариото не е толку поволно за хотелиерите. Според светскиот економски форум заздравувањето на туристичката сфера се очекува во следните 10 месеци во ситуација кога никој не знае колку ќе трае борбата со коронавирусот.
ВМРО ДПМНЕ ветува изградба на нови мултифункционални спортски игралишта во Велгошти и Видобишта
Во периодот што следува сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики, се вели во соопштението на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
НАСТАВНИЧКИ СОВЕТИ ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА ОЦЕНКИТЕ ЗА ТРЕТОТО ТРОМЕСЕЧЈЕ
Согласно препораките на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, следејќи го Упатството за оценување на учениците, денеска сите основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид ќе одржат наставнички совети со цел да ги потврдат оценките на учениците во третото тромесечје од оваа учебна година.
Дефект на водоводна линија ги остави без вода жителите од населбата Гоце Делчев
Екипите на водовод од утрово работеа на санација на проблемот каде што е констатирано зачепување на цевководот, прекинале зaради полицискиот час и ќе работат на попрaвка и утре. Жителите од нaселбата се соочуваат со истиот проблем кој им се случи и пред два месеци. Врз водоводната линија се изградени потпорни ѕидови коишто ја оневозможуваат брзата интервенција на дефектот.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊE
Поради изведување на планирани градежни активности, Општина Охрид упатува известување до сите сопственици на моторни возила и учесници во сообраќајот, да ги отстранат паркираните моторни возила и да не паркираат на булеварот „Туристичка“ на десната коловозна лента, на потегот од крстосницата со улица „Димитар Влахов“, од објектот на Гимназијата до делот покрај ОУ „Григор Прличев“.
Лице од Велешта ја злоупотребило дозволата за движење за време на полициски час
Дозволата му важела само за атарот на селото а него полицијата го затекнала на булевар Туристичка во Охрид. Не биле регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди