ТЕЛЕФОНСКА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ЗА РАНЛИВИТЕ КАЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ ЗА СПРАВУВАЊЕТО СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште 3 нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19 во Република Северна Македонија. На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.
Кривична пријава заработи скопјанецот заболен од Ковид 19 кој го загрозил здравјето на вработени во охридски кабелски оператор
Лицето дошло во Охрид во самоизолација, но претходно побарало интернет и кабелски приклучок во својот стан. Од СВР Охрид тврдат дека по овој настан лицето е строго контролирано и го почитува мерките за самоизолација.
Новиот директор на општа болница врши реорганизација за да им се излезе во пресрет на сите пациенти да се примаат во услови на епидемија
Во работата на лекарите инфектолози ќе се приклучат и останатите лекари од охридската болница. Формиран е кризен штаб во болницата, а потешките случаи ќе се лекуваат и на одделот за интензивна нега во охридската болница.
Охриѓанец фатен со кокаин
На 31.03.2020 година во 20.20 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, при извршен преглед врз А.М.(23) од Охрид, пронајдени и одзмени се три наjлонски ќесички со опојна дрога кокаин.
Со втор сет мерки тежок 200 милиони евра владата ќе се справува со последиците од корона вирусот
Премиерот, претседателот, министрите, директорите, градоначалниците два месеци ќе земаат минимална плата. За приватните фирми погодени од кризата за месеците април и мај ќе им се помогне во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, под одредени услови.
Пациентите со забоболка ќе се лекуваат во итната стоматолошка служба при Здравствен дом
Матичниот стоматолог ќе проценува за итноста на случајот и ќе ги упатува пациентите кај колегите од здравствен дом. Стоматолозите од итна стоматолошка служба се екипирани во седум тимови и ќе работат во две смени и една семан за време на викенд.
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОТВОРИ ПОСЕБНИ СМЕТКИ ЗА ДОНАЦИИ, МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРААТ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА, НО И ОПРЕМА СОГЛАСНО ЛИСТАТА НА ПРИОРИТЕТИ НА МИНИСТЕРСТВОТО
Министерството за здравство им се заблагодарува на сите кои досега со донаци во парични средства и добра дадоа поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.
Пецаков : Проекти за светла иднина во Видобишта, Бараки, Илинден и Црногорци
За жителите на населбите Видобишта, Бараки, Илинден и Радојца Новичиќ-Црногорци гарантираме проекти за светла иднина, стои во соопштението на Кирил Пецаков кандидат за Градоначалник на Охрид.