Skip to main content
Мар 28, 2020

Забраната за движење на целата територија на државата денеска и утре ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот, согласно одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите.


Мар 27, 2020

Жителите ги  почитуваат мерките за самоизолација и  ограничување на движењето. Функционираат и тимови за помош на стари лица. Во општина Вевчани досега немало потреба за нивно помагање, додека во Дебрца повозрасните жители  барале помош за  купување на лекови.


Мар 27, 2020

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 11, Прилеп – 4, Куманово – 2, Тетово – 1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.


Мар 27, 2020

Деновиве службите на ЈП „Охридски Комуналец“ задолжени за одржување на јавната и услужна хигиена се соочуваат со проблем кој претставува опасност по нивното здравје и по сите случајни минувачи. По јавните површини (покрај контејнери, тротоари, коловози и зелени површини) наоѓаме расфрлани заштитни маски и ракавици.


Мар 27, 2020

Поради новонастаната состојба во врска со „Коранавирусот“ и препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија, Јавната расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина на локален еколошки акционен план (2019  – 2025) за општина Охрид, што требаше да се одржи утре, петок (27.03.2020) се одложува.


Мар 26, 2020

Граѓаните стравуваат за здравјето на медицинскиот персонал од одделението за трансфузиологија. Во државава 12% од заболените се лекари. Вирусот е веќе во локална трансмисија и секој треба да се однесува како да е носител и со високо ниво на свеовесност и одговорност кон јавното здравје.  Здравствените работници од Центарот з а јавно здравје упатија аплауз за совесните охриѓани кои ги почитуваат владините  мерки и седат дома. 


Мар 26, 2020

Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа. Вработените го даваат својот максимум за да можат граѓаните да бидат услужени, но и безбедни. Менаџерскиот тим на маркетите МИСА решил аконтацијата за данок од добивка која вообичаено се плаќа еднаш месечно, да ја плати однапред за цела 2020та година, а со тоа да и помогне на државава во оваа тешка ситуација. 


Окт 25, 2021

На 24.10.2021 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид кој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „Железничка” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно и агресивно однесување кон вработените и гостите во објектот.