Во Општина Дебрца на диво се одлага комунален отпад од друга општина
Викендов на територијата на општина Дебрца, на локацијата каде се наоѓа депонијата, односно одлагалиштето на инертен отпад (земја, шут и слично), кој се црпи по трасата на Автопатот А2 (во изградба) забележано е депонирање на комунален отпад од страна на возила со кичевски регистарски таблички.
Се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари“
Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид во петокот се одржа традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“.
Во охридскиот центар за јавно здравје земени материјали за скрининг тестови на 5 лица
Резултатите ќе се знаат за еден ден, а официјално ќе бидат соопштени преку ресорното министрство. Термините за земање брисеви се закажуваат со мој термин со упат од матичните лекари. Тие преку телефонска анкета со пацентите одлучуваат дали треба да бидат упатени на тестирање.
Охриѓани го почитуваат полицискиот час
Охриѓани го почитуваат ограничувањето на движењево периодот од 21.00 до 06.00 часот, кое на сила стапи од синоќа. Полициски службеници сношти вршеа мото-патроли низ градов. СВР Охрид непречено ги реализира и активностите кон лица што се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација.
СВР Охрид: Безбедносната состојба на подрачјето кое се покрива е стабилна
На подрачјето на седумте општини што ги покрива СВР Охрид, изминатово деноноќие, во периодот од 21:00 до 06:00 часот, кога на сила стапи ограничувањето на движењето на граѓаните, безбедносната состојба е стабилна.
Матичните лекари контактираат со своите пациентите исклучиво телефонски
Oд денес пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари доколку имаат некој од симптомите кои се карактеристични за Ковид 19. Матичните ќе им закажат термин во Центарот за јавно здравје за земање материјал за тестирање. Матичните лекари со сите пациенти најпрво ќе контактираат телефонски без разлика за каков здравствен проблем станува збор, па лекарот ќе процени дали е потребен преглед или не.
Двајцата охриѓани заболени од корона вирус засега се на домашно лекување
Нивната состојба телефонски ја следат охридските инфектолози. ЈЗУ Општа болница-Охрид постапува по насоките и препораките од Министерство за здравство и доколку се јават лица заболени од Ковид 19 ќе бидат сместени на соодветно опремен простор на инфективното одделение.
ЈП Градски Пазар издава деловни простории
Право на учество имаат сите правни лица кои своите понуди треба да ги достават во затворен плик во архивата на ЈП Градски Пазар – Охрид до 30.03.2020 година до 13.00 часот.