Бројот на заболени од covid 19 во земјава достигна 70
Три новодијагностицирани лица на ковид-19, со што вкупниот број на заболени во земјава достигна 70.
Баба Надежда Герасмова доби пакет со намирници од волонтерите на ОО ЦК
Пакетот со потребните продукти и го донесоа дома по претходна нарачка на еден од отворените телефони на организацијата. Десет тимови на ЦК во вонредни услови се грижат за пензионерите , старите и болни лица од Охрид за да бидат обезбедени и да не ги напуштаат нивните домови.
Тепачка меѓу охриѓани на Кеј „Македонија“
На 22.10.2021 година во 21.25 часот на кеј „Македонија” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Б.(22) и С.П.( 40) врз В.Ќ.(32), сите од Охрид.
Наставничката Петковска одржува настава со своите ученици од дома
Одделенскиот наставник Виолета Петковска, од охридското основно училиште Кочо Рацин, раскажува како ја реализира наставата за своите ученици од дома во вонредни услови. Во отсуство на национална електронска платформа таа користи разни информатички технологии за да ја направи интересна наставата за своите 16 второодделенци. Петковска сега го применува знаењето што на своја добра волја го стекнувала со учество на глобални онлајн конференции,семинари, вебинари,твитмит настани.
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ВО ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА
Деновиве започнаа работни активности за комплетна реконструкција на улицата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“ од улицата „Кленоец“ до населбата„Радојца Новичиќ“.
ФИЛИПЧЕ: ИСКЛУЧИТЕЛНО Е ВАЖНА УЛОГАТА НА ГРАЃАНИТЕ И НА НИВНАТА СВЕСТ, СИТЕ ТРЕБА И МОРА ДА ПРИДОНЕСАТ ОВАА КРИЗА ДА СЕ НАДМИНЕ
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на вечерашната прес-конференција информираше дека денеска до 16:00 часот во нашата земја се дијагностицирани 6 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка изнесува 48.
ИНТЕНЗИВНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска спроведоа вонредни превентивни активности за дезинфекција на јавните површини на подрачјето на Општина Охрид.
Кривични пријави против двајца жители на Кичево и кичевско за непостапување според здраствените прописи за време на епидемија
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривични пријави против Б.С.(46) од Кичево и С.А.(62) од кичевското село
Шутово.