Продолжен мораториумот за градење
Советниците во редуциран состав со 17 присутни , денес ја одржаа четириест и првата седница. Сите при
сутни дадоа зелено светло за продолжување на мораториумот за градење во Општина Охрид согласно препораките на УНЕСКО.
Советот на Општина Охрид со мерки за ублажување на влијанието на епидемијата врз економскиот сектор
Советот на Општина Охрид на денешната седница прифати да бидат ставени на дневен ред уште две точки и истите ги изгласа. Едната одлука се однесува на повеќе заклучоци во врска со препораките и мерките на владата за заштита од Корона вирусот. А другата одлука е на предлог на градоначалникот Константин Георгиески времено да се отстапат три моторни возила од Општина Охрид за период од 90 дена, за потребите на СВР Охрид. Ова се должи на зголемениот обем на работа на СВР Охрид во овој период и потребата од дополнителни возила.
Зголемен бројот на повици во охридската итна медицинска помош
Граѓаните се во паника, а од итната брза помош смируваат дека нема потреба за вознемиреност. Екипите на терен работат со пропишаната заштита, а тимовите работат засилени со лекари кои се повлечени од специјализација.
ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЧИЛИШТАТА СОГЛАСНО ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ
Согласно оперативните мерки кои ги презема Општина Охрид за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19, во текот на изминатите денови се изврши дезинфекција на основните училишта: „Григор Прличев“, „Братство Единство“, „Методи Патче“, „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“ и „Христо Узунов“, како и на ОУТУ „Ванчо Питошески“ заедно со ученичкиот дом.
Охриѓанец нападнал вработен во стовариште на улицата „15 корпус“
На 16.02.2022 година во 14.30 часот во стовариште на деловен објект на улицата „15 корпус” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.А.(31) врз вработениот Т.Б.(42), двајцата од Охрид.
СЕ ВРШИ ЧИСТЕЊЕ НА СЕКУНДАРНАТА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА
Деновиве започна чистењето на секундарната канализациона мрежа на улицата „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“.
Георгиески: Во овој датум и во овој ден, содржани се сите наши борби, стремежи и идеали за самостојна македонска држава
По повод 23 октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до граѓаните на Охрид.
Околу 150 припадници на МВР и Армијата се ангажирани за обезбедување на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа
Техничкиот министер за внатрешани работи информира дека има нелегални обиди на граѓани да го напуштат кризното подрачје. Одделот за Специјални полициски операции спречил 14 такви обиди без лекарска согласност.