Јан 31, 2023
Градскиот совет даде согласност
Нискоградба ќе им наплаќа на субјекти кои користат техничка вода без броило
Хотелите кои користат техничка вода, а немаат водомер, инвеститорите при градба на објекти, како и автоперални ќе плаќаат надоместок на ЈП „Нискоградба“. Ќе се фактурира паушал за кубици испуштена вода во канализациониот систем, врз основа на пресметки од хидроинженери за минималниот и максималниот испуст на вода во текот на еден месец и една година.
Јан 31, 2023
Земјоделие
Oхридски земјоделец избира органски семиња
Сезер Акин сака да ја разбуди љубовта кон ботаниката кај луѓето со садење на билки на балконите и терасите. Вредниот производител на органска храна подготвил и земјени топчиња со семе од цвеќиња кои ќе бидат расеани низ природата.
Јан 31, 2023
Општина охрид
Заврши реконструкцијата на санитарните јазли во ОУ Братство Единство Лескајца
Вредноста на реконструкцијата на санитарните јазли изнесува 1 313 600 денари, додека вредноста за реконструкција на електричната инсталација изнесува 824 188 денари.
Јан 31, 2023
Центар за култура григор прличев охрид
Во недела ќе се одржат Прличевите беседи
Со изложба на ликовни дела на уметници од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе започнат годинешните „Прличеви беседи“.
Јан 31, 2023
Ер Србија од јуни ќе ја обнови авиолинијата Белград-Охрид
Охрид, македонскиот бисер и македонскиот туристички и културен центар ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, среда, петок и сабота, од 5-ти јуни 2023 година.
Јан 31, 2023
Празник
Денеска е Св. Атанасиј
Православните христијани денеска го празнуваат споменот на Свети Атанасиј Велики, познат како Танасовден зимен.
Јан 31, 2023
Отстранети дефекти низ охрид и околината
Екипите на ЈП Водовод интервенираа на повеќе локации
Отстранети беа дефекти во селото Лескоец (3 дефекти), нас. Св.Стефан (2 дефекти), ул. „Прилепска“, ул. „Крали Марко“, бул. „Туристичка“ бр.102, „Билјанини Извори“, ул. „Кленоец“, ул. „Мите Богоески“.
Јан 31, 2023
Прличеви беседи 2023
Охридската Библиотека со богата програма ќе го чествува Патронот
Со пригодна програма, НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев.







