Skip to main content
Седница
Јан 30, 2023
Според образложението од раководството изнесено пред советниците на денешната седница, јавното претпријатие има потреба од зголемување на приходите поради драстичното зголемување на трошоците во работењето, а при конципирање на новиот ценовник се водело сметка поскапувањето да не е на терет на граѓаните на Охрид. За опозицијата во советот поскапувањето на услугите на јавните претпријатија не е изненадување туку пракса. Кај ЈП „Билјанини извори“ посочија еден нов момент, давањето право на пајак службата да подига возила од јавен паркинг простор без асистенција од полиција.

Јан 30, 2023
Центар за јавно здравје
Скринингот дава резултати со навремено откривање на малигните неоплазми и спасени животи. Од ЦЈЗ напоменуваат дека подобро е да се посвети повеќе внимание на превентивните прегледи за да се спречат заболувањата одколку да се применуваат скапи лекувања.

Акција телефони
Јан 30, 2023
Хумана акција
Старите мобилни телефони беа поправени и донирани на граѓани на кои им се најпотребни во секојдневниот живот.

Полициски службеници
Јан 30, 2023
Сообраќајни контроли
Санкционирани 18 возачи во Охрид кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Во Струга казнети 48 возачи.

Јан 30, 2023
Приведен 30-годишен охриѓанец кој го нарушил јавниот ред и мир со викање и упатување закани кон тројца сограѓани на улицата „Абас Емин“.

Лидија Петкоска
Јан 30, 2023
Автопат кичево охрид
Нема интензивирање на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид, кажа денеска пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Лидија Петкоска во врска со изјавата на премиерот Ковачевски за завршени 57 км од делницата. Граѓаните и туристите кои доаѓаат во Охрид најдобро знаат дали навистина возат по нова автопатска делница до Охрид, посочи пратеничката.

Григор Прличев
Јан 30, 2023
Прличеви беседи
Наградите на најдобрите тројца автори ќе им бидат врачени на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Пари
Јан 29, 2023
Министерство за труд и социјална политика
Од 30-ти јануари (понеделник), пензионерите ќе може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.