Природни реткости крие блатното езерце Сино Дувло во Белчишкото блато
Охридските нуркачи регистрирале бројни подводни извори , рибна фауна и ракчиња. Но, пронашле и велосипед како резултат на човечката негрижа кон природното богатство.
Советниците не ја намалија комуналната такса и фирмарина за охридските занаетчии
Немаат законска основа за да се удоволи барањето на Регионалната занаетчиска комора. Едногласно беше усвоен ценовникот за поставување на урбана опрема за угостителите и корегиран бодот за плата во ЈП Нискоградба. На денешната седница беа едногласно усвоени и одлуки за распределба на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид. на основни училишта, јавни претпријатија и СВР.
ЧЕСТВУВАЊА ЗА МАРКО БОШНАКОВ, АНДОН ДУКОВ И КИРИЛ ПРЛИЧЕВ
Општина Охрид Ве поканува на одбележувањето на годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошнаков.
Кабелските оператори ќе го прекинат реемитувањето на домашните и странските ТВ канали
Причината за ваквиот чекор се законските измени со кои на кабелските оператори им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат.
ИНТЕНЗИВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „15-ТИ КОРПУС“
Во тек се интезивни градежни активности од правата фаза за поставување на атмосферска канализација на улица „15-ти Корпус“ на потегот од Здружение на возачи до мостот на реката Сушица.
17 новозаболени од Ковид-19 во Охрид
Во изминативе 24 часа се евидентирани нови 490 случаи на заразени со Ковид-19 од направени 3.073 тестирања. Речиси половина од нив се во Скопје.
Доцнат работите околу изградба на новото спортско игралиште кај касарната
Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ сеуште чекаат да добијат нов уреден простор за спортување. Јавното претпријатие „Градски гробишта“ пред речиси една година започна со уредување на две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, и на едно детско игралиште но, работите закочија. Се чека да заврши постапката помеѓу Министерството за образование и општината околу утврдување на сопственоста на просторот. ЈП „Градски гробишта“ во периодов што престои ќе работи на повеќе проекти во градот и приградските населби.
Филипче: Граѓаните, ако немаат итни потреби, да ги одложат патувањата во критичните региони во Италија
Поради ширењето на коронавирусот во Италија се зајакнува контролата на сите гранични премини и на двата аеродрома во Македонија, е еден од заклучоците на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Венко Филипче апелира до граѓаните, ако немаат итни потреби, да ги одложат патувањата во критичните региони во Италија.