Се враќа ракот во Охридското Езеро
Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови колинии на слатководен рак во водите на Охридското езеро. Станува збор за редок вид.
Бројот на заболени од грип, поголем од лани
Бројот на заболени од сезонски грип во охридско-струшкиот регион речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани. Намален е бројот на заболени од постарата популација, но зголемен е бројот на заразени од школската популација. Во Охрид не е изолиран типот на вирусот на грип, додека во Струга има неколку случаи каде е изолиран грип од типот А и Б.
Во новата одлука на совет за урбана опрема нема место за поставување тезги околу чинарот
Во програмата за поставување урбана опрема оваа сезона нема големи промени на постојните локакции, но покрај досегашните се планирани и две нови. Наскоро ќе следува и објава на јавниот повик за поставување на маси и столици и за угостителските објекти.
Повторно на репертоарот „Каде е пиштолот?“
Театарската претстава „Каде е пиштолот?“ повторно на репертоарот на народниот театар од Охрид. претставата е работена од унгарскиот автор Габор Ѓоргеј, а е во режија на Дејана Николовска.
Ќе се заменува столаријата во ОУ Христо Узунов
Покрај ова училиште уште неколку други објекти од општините во Југозападниот плански регион ќе добијат енергетска ефикасност. Исто така, ќе се прави и ГИС платформа за урбанистичката планска документaција и подземен катастар во сите 9 општини од регионот. Во тек е повикот за проектите за Програмата за локален регионален развој за ова година.
Тешка сообраќајка на булеварот „Железничка“
На 16.02.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид патничко возило „Пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Охрид, удрило во пешакот З.С.(62) од с.Велгошти, охридско.
Тепачка помеѓу охриѓани и кумановчани-Кривични пријави за сите
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д.(23) и А.Д.(23), двајцата од Охрид, како и против Д.К.(18), А.А.(18) и едно малолетно лице, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда”.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА СОФИЈА
Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, денеска оствари работна средба со Јорданка Фандакова, градоначалник на Софија, Република Бугарија.