Skip to main content
Седница на совет
Апр 11, 2023
Совет на општина охрид
Советот на Општина Охрид денеска ја одржа 26-тата седница. Мнозинството усвои предлог одлуки со кои се предвидува издавање локации за поставување урбана опрема покриени и непокриени шанкови на територија на општината. Опозицијата бараше одложување на овие точки со кои беше дополнет дневниот ред затоа што материјалите за истите ги добиле во 5 до 12. На седницата беше одобрено задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ со хипотекарен кредит за набавка на половни возила и тоа беше единствената точка по однос на која се разви дискусија.

Меморандум за соработка
Апр 11, 2023
Заштита на културното наследство
Во рамки на соработката се предвидува реализација на проектот „Увид во состојбата на меморијалните споменици од НОБ и нивно интервентно санирање”, како и реализација и на други проекти од взаемен интерес од областа на заштитата на културното наследство.

ЈП Градски пазар
Апр 11, 2023
ЈП „Градски Пазар“ објавува Оглас за давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП „Градски Пазар“ за период од две години.

Типизирани куќарки
Апр 11, 2023
Јп градски пазар
ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава простор-локација за поставување урбана опрема за продажба на храна и сувенири.

Охридско Езеро
Апр 11, 2023
Екологија
Водостојот на Охридското езеро над дозволениот минимум периодов, но сепак под просекот за овој месец. Состојбата константно варира.

Охрид пристаниште
Апр 11, 2023
Временска прогноза
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Дневната температура ќе се движи од 10 до 20 степени.

ул. Браќа Миладиновци
Апр 11, 2023
Активности
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 135 метри.

Водоснабдување
Апр 11, 2023
Јп водовод охрид
Денеска до 16:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на сите улици од високата зона на стариот дел на градот.