Средношколците од средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид се подготвуваат за учеството на Европскиот младински самит за климата во Брисел
Заедно со претставници од 800 училишта, ќе дискутираат за најдобрите начини за заштита на нашата природна средина, користејќи го слоганот „Наша клима, наша иднина“.
Отворен шелтер центарот за згрижување на жртви од семејно насилство во Охрид
Во него привремено ќе се сместуваат жртви од регионот Охрид, Струга, Кичево и Дебар а има капацитет за згрижување на вкупно 12 лица. Во близина на центарот отворено е и Советувалиште за ресоцијализација на жртвите.
Финализирана е конзервацијата и реставрацијата на црквата св. Богородица Захумска
Финализирана е конзервацијата и реставрацијата на куполата и на кровните покривачи од црквата св. Богородица Захумска која датира од 1361 година. Со конзервацијата на покривната конструкција и со замената на транзените се обезбедуваат основните предуслови за заштита од атмосферските влијанија и појава на влага во самата црква која делува деструктивно на архитектурата и на ѕидното сликарство.
Во инфо центарот на НП Галичица мал е бројот на посетители
Претежно станува збор за случајни посети, а не за организирани. Работите ќе се менуваат со обезбедените средства за ангажирање на биолог кој ќе реализира еколошка едукација која досега му недостасуваше во центарот.
НОВИ ТАБЛИ И УЧИЛИШЕН ИНВЕНТАР ВО ОСУ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
ОСУ „Свети Климент Охридски“ деновиве доби нов училишен инвентар. Во сите училници, старите зелени табли за пишување се заменети со нови училишни бели табли.
Потпишан меморандум за соработка меѓу Националниот Координативен центар за гранично управување и Планинската спасителна служба
Со овој чин се донесе јасен протокол за брзо преминување на границите на спасителната служба на планина. На спасителите со ова им е овозможено 24 часовно активно, брзо делување во интерес на безбедност на жителите и туристите во зимскиот период во регионот од Македонска и Албанска страна.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА „АНАЛИЗА ЗА ЕКОНОМСКИ ИМПАКТ ВО ТУРИЗМОТ“
На ден 14.02.2020 година, петок во 12:00 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи презентација за изработената „Анализа на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид.
Уште две проекции на филмот „Дедо и Внук”
Поради зголемениот интерес, останаа уште две проекции на филмот „Дедо и Внук” кои ќе бидат прикажани во н.у “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 20ч и тоа на 12-ти и 13-ти февруари. Цена на билет 100 денари Телефон за резервации 046/261-063.