Skip to main content
Фев 11, 2020


Бројот на кинеските посетители  на Македонија е помал во однос на  земјите во регионот. Кинеските туристи  најчесто  доаѓаат во земјава на т.н. кружни туристички тури.


Фев 11, 2020

Владата им препорача на Советите на општините Охрид,  Струга и  Дебрца да ги продолжат одлуките за времен мораториум. Ќе се формират работни група со претставници од  надлежните министерства, општините Охрид, Струга и Дебрца како и  Управата за заштита на културното наследство и Завод и Музеј. Тие ќе имаат рок од 10 дена да изработат предлог решение за усогласување на режимите на заштита на Планот за управување со охридскиот регион и акциски план за постапување по Инвентарот на дивоградби и спроведување за соодветните студии.
Ова се дел од насоките кои птроизлегоа од Седницата на влада што се одржа во Охрид.


Фев 11, 2020

Градоначалникот Георгиески и премиерот Спасовски,  придружувани од Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми извршија увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро.


Фев 10, 2020

Планинската Спасителна Служба интервенираше на Галичица, од каде возило со двајца патници беше извлечено од снежните наноси. Превојот на патниот правец  преку планината Галичица е блокиран од снегот кој наврна, па од службата потсетуваат дека овој патен правец е со ограничен режим на сообраќај во зимскиот период и да се избегнува негово користење.


Фев 10, 2020

Поради зголемениот интерес филмот „Медена земја“ повторно ќе се прикажува на кино репертоарот во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во петок 14-ти и сабота 15-ти февруари 2020 година, со почеток во 20.00 часот, цената на билетот изнесува 100 денари.


Фев 10, 2020

 Авто школите не се во можност да им обезбедат возила затоа што е и многу мал бројот на пријавени кандидати. Меѓу возачите со посебни потреби кои се стекнале со возачка дозвола одлични возачи се лицата со наглувост.


Окт 20, 2021

Поради изведување на градежни работи за асфалтирање, во четврток на 21.10.2021 година (од 05:00 часот) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до кружниот тек кај Општа болница.


Фев 10, 2020

Владата својата редовна седница ќе ја одржи во Охрид како петта од серијата седници што се одржуваат во 10 региони во земјата. Централна точка на дневниот ред на оваа седница е информацијата за состојбите и извршените посети во општинитe Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца.