ОУ „Григор Прличев“ го чествуваше името на големиот литературен деец чие име го носи
Присутните се потсетија на неговите стихови со кои остави длабоки траги во литературата. Горди сме што достојно го носиме името на охридскиот великан и едуцираме квалитетни ученици кои тоа го потврдуваат со бројни успеси постигнати на општински, државни и меѓународни натпревари, истакна во обраќањето директорката на училиштето.
Охрид еден од градовите кои ќе добијат пречистувачи на воздух
Владата на последната редовна седница, донесе одлуки за давање на трајно користење на 38 пречистувачи за воздух, за потребите на детски градинки, основни и средни училишта и факултети во неколку општини во земјава.
Пецаков најавува реконструкција на плоштадот „Крушевска република“ кај Чинарот
Кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков, објави фотографија од неговиот план за реконструкција на плоштадот Чинар – „Крушевска република“.
Свечено врачена повелбата за најдобра поема на лауреатот Стево Симски
Поемата „Таинството на богомилите“ на фонот на македонската уметност од средновековниот период, возобликува два мошне важни уметнички сегменти а тоа се словото и иконата, ќе каже за делото на Симски претседателот на стручното жири кое едногласно ја одбра победничката поема на конкурсот Григор Прличев.
Божиновски: СДСМ и градоначалникот Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО
Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО за Охрид и уривањето на дивоградбите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните очекуваат да бидат информирани од Георгиески што им одговори на претставниците од УНЕСКО кажа на прес конференција портпаролот Перчо Божиновски.
Започна со работа затворениот зелен пазар во Охрид
Пазарџиите задоволни од условите и среќни што го избегнаа студот и снегот кој падна утрово.
Екипите на Комуналец подготвени за справување со снегот
Во Охрид и околината наврнаа околу 9 цм снег. Влажниот снег кој почна да врне во утринските часови предизвика пад на неколку дрва и гранки од дрвја во неклку делови од градот. Од ЈП Охридски Комуналец се подготвени за расчистување на новиот бран снежни врнежи кои се очекуваат според најавите на хидрометереолозите.
ОУ „Григор Прличев“ со богата програма го одбележува својот патронат
Учениците одржаа модна ревија со облека карактеритична за секоја историска епоха, покажаа што знаат преку бројни експерименти по приордните науки и по речиси сите останати предмети. На најуспешните кои учествуваа на конкурсите за најдобри ликовни и литературни творби им беа доделени и награди.