Skip to main content
Јан 31, 2020

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. Јануари 2020 година (петок), во метохот на манастирот Св. Наум Охридски – „Св. Атанасиј Велики“ – Љубаништа, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.


Јан 31, 2020

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски беа дел од свечената промоција на тв-магазинот „По патот на свилата: пријателство“.


Окт 20, 2021

Општинската организација на Црвен крст ја одбележува „Неделата на борба против гладот“. Во Охрид за среќа нема зголемување на бројот на семејства кои се на работ на сиромаштијата, информираат од Општинската организација на Црвен крст. 


Јан 30, 2020

Дел од препораките се исполнети  а на оние за кои е потребно подолго време за инплементација се работи. Разликата е што сега и ние и УНЕСКО сме на иста страна, кажа министерот Едмонд Адеми. Тој како  претседател на националната комисија за УНЕСКО синоќа во Охрид оствари средба со мониторинг мисијата на оваа светска организација. На средбата бил констатиран напредокот во одредени сегменти од исполнувањето на препораките и она што треба македонските власти да го сработат во идниот период со цел Охридскиот регион да не се најде на листата загрозени подрачја.  


Јан 30, 2020


Патот преку Галичица до Преспа со години има  забрана за употреба во зимски услови. ЈП Државни патишта и оваа сезона нема предвидено во програмата за работа зимско одржување на патот. Патот е важен за НП па минатата година самостојно ангажирале фирма и со сопствени средства го  исчистиле патот од израснати гранки и дрвја.


Јан 30, 2020

Новата услуга на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД -Охрид на корисниците им овозможува онлајн плаќање на сметките за одведување на отпадни води, со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.


Јан 30, 2020

На 04.02.2020 год. ( вторник со почеток во 20 ч. ) во малата сала на општина Охрид ќе се одржи Изборно собрание на Регионалната занаетчиска комора Охрид.


Јан 29, 2020

Во периодот додека Охридското езеро е без концесионер потребни се засилени полициски контроли. Ова го истакна дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по средбата со началникот на СВР Охрид.